Експертите тврдат:

Мажите се поверни и поромантични од жените?

Психолозите од најпознатата веб-страна за запознавање – Match.com, спровеле истражување помеѓу 5000 сингл Американци, на возраст од 20 до 60 години.

Психолозите од најпознатата веб-страна за запознавање – Match.com, спровеле истражување помеѓу 5000 сингл Американци, на возраст од 20 до 60 години.

Резултатите од истражувањето откриле неочекувани промени во животната перпектива на самците. Во спроведеното истражување, само 3% од мажите изјавиле дека бараат "лесен плен" и секс без обврски на оваа страна.

Но од друга страна, дури 50% од жените изјавиле дека би ја прекинале врската доколку сексот е лош. Психолозите не ни помислувале дека процентот на едните би бил толку низок, а кај другите толку висок.

На изненадувањата им нема крај, бидејќи истражувањето покажало дека мажите се многу поромантични и поверни од жените. Поголемиот дел од мажите признале дека биле вистински заљубени и дека веруваат во љубов на прв поглед. Тие исто така се посклони кон разменување нежности во јавност и спремни се на сериозна врска, дури и кога не се заљубени или не чувствуваат сексуална привлечност.

За разлика од жените, 46% од мажите сметаат дека можат да живеат заедно со својата партнерка уште во првата година од врската, додека на тоа се спремни само 26% од жените.
Дефинитивно, најинтересното откритие се изјавите на 60-годишните мажи и жени кои не можат да ја замислат врската без сексуална привлечност.

За разлика од испитаниците од другите возрасни групи, тие се фалат дека во повеќе од 90% од сексуалните односи доживуваат оргазам (дали ова се базира на фактот што секој сексуален однос може да им биде последен, уште не е разјаснето).

Во прилог на тоа, постарите лица на возраст од 50 до 60 години се многу позадоволни од нивниот сексуален живот отколку што биле претходно.

Тоа веројатно се должи на намалениот притисок дека треба да направат "нешто револуционерно" во животот, тие се прифаќаат онакви какви што се и конечно можат, знаат и сакаат да уживаат во она што го имаат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари