Не е за верување, ама...

Мажите се поголеми алапачи и не знаат да чуваат тајни!

Спротивно на популарното верување дека жените се најголемите озборувачи, последното истражување го покажува спротивното. Мажите се поголеми " алапачи " од жените и не знаат како да чуваат тајна .

Ако им се каже нешто во доверба тие веќе следната минута истото ќе го пренесат на друго ливе, пишува Дејли меил. Текстот е направен како резултат на истражувањето спроведено на 2.000 Британци, а кое открива дека просечниот маж може да чува тајна во просек околу два часа и 47 минути, што е 40 минути помалку од жените.

Еден од десет мажи признале дека во рок од 10 минути ја откриле тајната што им била кажана. А и покрај тоа, 92 проценти од посилниот пол за себе велат дека се луѓе од доверба. Што се однесува до видот на тајната, истражувањето покажало дека најтешко ја чуваат во тајност прељубата на пријател или афера на работа.

Загрижува податокот што туѓите тајни ќе ги кажат на најмалку 5 лица. Ако сакате нешто да остане тајна не го кажувајте тоа на маж, велат од компанијата што го спровела истражувањето.

И уште, со модерната технологија мажите и не чекаат да се сретнат со некој пријател, туку тајната ќе ја "скријат" преку фејсбук.

Еве неколку од тајните, кои нема долго да останат таjни ако им ги доверите на маж:

Еден пријател има афера...
Некој лаже за нешто...
Шеф или колега има афера на работа...
Некоја што ја знаете е бремена...
Некој имал проблеми со полицијата...
Некој лаже за работа...
Некој имал пластична операција...
Еден пријател доби покачување...
Еден пријател е во финансиски проблеми...
Еден пријател има проблеми во кревет.

Најнови вести

Коментари