Резултатите се видливи по еден месец!

Магија со која косата расте побрзо

Постојат жени кои се би дале за да имаат долга и густа коса. Долга и здрава коса е еден од главните белези на женственоста. Сите мажи ја обожуваат сјајна коса кај девојките, а секоја девојка барем еднаш посакала да има таква коса.

 

Во Холивуд, каде убавината е приоритет, општо познат метод за здрава и убава коса е методот со кромид. Дерматолозите велат дека нема никакви лоши последици по кожата на главата и влакната на косата, така што е крајно безбеден за употреба. Кромидот е добар затоа што е богат со сулфур кој го поттикнува производство на колаген, кој е особено важен за растот на косата.

Рецептот е многу едноставен:

Изрендајте две до четири главици кромид, во зависност од големината на кромидот. Масирајте ја главата со сокот од кромид и оставете 15 минути да отстои. Доколку имате време и не ви пречи миризбата, во тој случај можете да го оставите сокот на главата и до цел час. Така резултатот ќе биде подобар.

После тоа измијте ја косата со вашиот шампон и ставете регенератор. Третманот правете го двапати седмично.

Оние кои не го поднесуваат особено мирисот на кромид, најдобро е откако ќе ја измијат косата, да нанесат лимонов сок на главата и да го протријат, па да остават и тој да делува уште 15 минути. На тој начин ќе ја одбегнете непријатната миризба а вашата коса ќе биде убава, здрава и побрзо ќе расте.

 

 

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари