Магична диета која го намалува обемот на појасот

Магична диета која ја намалува најкритичната зона каде што наталожените масни наслаги е најтешко да се намалат или отстраната засекогаш-стомакот.

Доручек:

Доручекот секој ден е ист: шолја мусли со млеко (јадете со мала лажичка).

Прва ужина:

Суви бадеми, ореви, една рака лешници (под 50 грама).

Ручек:

Ова ви е главниот оброк за време на диетата, за ручек можете да јадете месо колку сакате и риба, пиле без кожа, телешко, јагнешко а од свинско можете кременадли без маст. Избегнувајте ги месните преработки бидејќи во нивниот состав може да се најде сешто.

Можете да изедете едно парче интегрален или 'ржан леб.

Месото можете да го припремите на било кој начин (но избегнувајте секојдневно пржење).

Втора ужина:

Овошје: едно јаболко, круша, една рака јаготки, малини итн, во зависност од сезоната. Избегнувајте банани.

Вечера:

Пример 1 – Бистра супа од зеленчук без тестенини, сардина или туна со исцедено масло, парче интегрален леб (внимавајте на количината на лебот).

Пример 2 – Бистра супа од зеленчук без тестенини, чаша јогурт, парче интегрален леб.

Пример 3 – Бистра супа од зеленчук без тестенини, две тврдо варени јајца, еден домат.

Поради физичките вежби и монотоната исхрана, пијте витаминско-минерални таблети.

Поврзани

Најнови вести

Коментари