Луѓето сами си го кршат срцето

Љубовта не е таа што е неразумна, туку вашата несигурност. Мора да преземеме одговорност за сопствените постапки. 

Ја обвинуваме љубовта за нашата болка и скршеното срце. Од страв ја уништуваме секоја можност за успешна и среќна врска. Живееме со мислењето дека сите ќе нѐ повредат и потоа се прашуваме зошто навистина секогаш завршуваме повредени.

Ние самите сме си нашиот најголем непријател. Ние самите си го кршиме срцето поради начинот на кој ја дефинираме љубовта. Тоа го правиме секогаш кога ги игнорираме знаците на предупредување и започнуваме врска со луѓе кои знаеме дека не ни одговараат. Тоа го правиме така што ги саботираме врските со луѓето кои навистина се грижат за нас. Сакаме ние да повредиме први, пред да нѐ повредат нас. Вината ја префрламе на сите освен на тие што треба: На нас самите.

Точно е тоа дека ќе се појават луѓе кои ќе ви го скршат срцето и вистина е дека нема го поминете љубовното патешествие без ниту една рана и лузна. Но, ако почнеме да преземаме поголема одговорност за нашите љубовни животи, ќе сфатиме дека контролата е во наши раце.

Љубовта не е сурова сама по себе. Ние сме само збунети и ја мешаме со нашите несигурности и стравови. 

Кога ќе успеете да го промените начинот на размислување, ќе сфатите дека проблемот не лежи во љубовта туку во вас самите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари