Луѓе, зарем навистина мислите дека ќе имате време?

Драги луѓе, кажете ми, дали навистина мислите дека ќе имате време? Да кажете „прости ми" на оние кои сте ги повредиле? Да кажете „те сакам" на оние без кои не можете? Да ги прегрнете силно и да не ги пуштите.

Да си одите од сите оние луѓе кои ти велат дека не можеш и не знаеш да живееш. Барем еднаш во животот да ризикувате за нешто вредно!

Кажете ми, дали навистина мислите дека времето ќе ви ги прости сите оние часови залудно потрошени на гордост и инает? Зарем навистина мислите дека некогаш ќе ви ги врати назад? Сите моменти кои сте ги фрлиле во ветер, слепо чекајќи нешто што никогаш нема да дојде? Поради страв и незнаење. Поради недостаток на волја и без трошка жар за нешто ново.

Мислите ли дека детето во вас ќе ви прости што не сте се бореле за своите соништа? Што не сте дале се од себе за да го преточите тоа во реалност? Зарем мислите дека секогаш ќе има време за втори шанси, за следни прилики и нови искуства? Зарем мислите дека секогаш ќе има време за уште еднаш да го посетите вашето омилено место, да ја прочитате книгата која со години ја барате, со децата да го гледате нивниот омилен цртан?

Зарем навистина мислите дека еден ден нема да биде доцна?

И тогаш ќе можете да викате од дното на душата, но нема да има кој да ве чуе. Тогаш ќе можете да плачете колкушто сакате, но никој нема да биде покрај вас за да ви ги избрише солзите. Во тие моменти ќе помислите на сите луѓе на кои им должите љубов и ќе посакате повторно да ги сакате. Да се вратат назад. И сите ветувања кои не сте ги исполниле, ќе посакате никогаш да не ги прекршевте.

Зарем навистина не верувате дека и вашиот часовник еднаш ќе отчука крај на оваа луда претстава наречена живот? И дека тоа утро нема да ве разбуди ниту дождот кој тропа на прозорецот, ниту сончевите зраци кои ја осветлуваат собата? И сите оние секојдневни работи и тривијални обврски кои навидум ја правеле тојата реалност подобра и поубава, одеднаш ќе престанат и ќе исчезнат. Се друго ќе продолжи, но ќе биде доцна. Ќе биде доцна за тој еден повик, едно извинување, една неостварена желба. Затоа што утре можеби и постои, но денес е баш се што имате во своите раце.

И после се, навистина мислите дека ќе имте време во изобилство? И дека некогаш ќе бидете подготвени за заминување?

Ќе остане нешто недовршено.
Неиспиениот филџан кафе, лебот во тостерот, попис на намирниците во фрижидерот.

Ќе останат недокажани.
Односите, раскинувањата, телефонските разговори.
Ќе остане душата.
Гладна за љубовта и жедна за убавина.
Ќе останат оние неколку „те сакам".
Заглавени во грлото и заробени во срцето.
Ќе останат соништата.
Неостварени и одамна заборавени.

И не мислиш дека баш сега е вистинскиот момент? Уште еднаш да ги погледнете оние кои ги сакате. Да им дадете насмевка, бакнеж, прегратка. Никогаш да не ги земате здраво за готово. Никогаш да не заборавите да им ја дадете целата љубов на овој свет. Да им го кажете тоа толку гласно што ќе им одѕвонува тоа и во ушите и во срцето. Да го паметат и кога ќе ве нема повеќе. Да го паметите и кога нив ќе ги нема повеќе.

Затоа што, само кога сакате, времето не ви може ништо.
Времето кое е потрошено на љубов е единственото време кое не е залудно потрошено!
За сите останати работи, верувајте ми дека немаме доволно време.
Затоа... прво љубете, а потоа, ако стигнете, правете што ви е мерак!

Поврзани

Најнови вести

Коментари