Всушност бил бледа копија

Конечно е откриена вистината која се крие позади култниот фустан поради кој Мерилин Монро станала икона

Мерилин Монро е една од најголемите филмски икони, а нејзиниот живот и дело не престанува да го привлекува вниманието на обожавателите и светските медиуми.

Мерилин Монро е една од најголемите филмски икони, а нејзиниот живот и дело не престанува да го привлекува вниманието на обожавателите и светските медиуми.

Таа својата популарност ја стекнала со настапи во многубројни кинохитови, меѓу кои е секако и романтичната комедија "Gentlemen Prefer Blondes".

Љубителите на овој филм сигурно го паметат розовиот фустан од свила кој Мерилин го носеше во музичката точка "Diamonds Аre a Girl's Best Friend". Станува збор за сензуална креација без ракави на костимографот Вилијам Травил, која ги откривала нејзините раце и рамена.

Со оглед на тоа што холивудската дива имала комплицирана танцувачка сцена која не била лесна за изведување со ваков фустан, костимографот се послужил со мал трик.

Имено, внатрешноста на фустанот тој ја поставил со филц и така ги спречил сите евентуални проблеми кои можеле да се појават при нагли потези на телото.

Оваа лекција не ја совладал стилистот на Мадона, кој ја облекол славната пејачка во верна копија на ваквиот легендарен розов фустан, за потребите на видеоспотот за песната "Material Girl". Пејачката изјавила дека со часови го снимала спотот бидејќи фустанот бил "непослушен".

Трикот со филцот е откриен во 2010 година кога фустанот бил продаден на аукција за 310 илјади американски долари. Оние кои биле упатени во филмот откриле дека вртоглавата цифра всушност била платена за копија на костимот бидејќи фустанот не бил поставен со ваквата "тајна" ткаенина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари