Кое куче е најдобро за чување дома, за вас и децата

Отсекогаш сте сакале да имате и чувате куче во домот и сега конечно се решавате таа идеја и да ја реализирате. Ние ќе ви дадеме неколку совети што и како тоа да го изведете правилно. Одлуката е конечно донесена – им ветивте на децата дека ќе им набавите пес за куќен љубимец!

И додека нивното воодушевување не стивнува, вие размислувате за тоа, кој ќе стане нов член на вашето семејство. Загриженоста е донекаде оправдана, затоа што некои раси не се баш најпаметен избор за детски и домашен љубимец, ако се земе во предвид се: од хигиената, мирниот карактер па се до агресивната природа и малиот праг на толеранција за сите негови 'изливи на љубов'.

Ветеринарите и познавачите на животни препорачуваат 5 раси како одличен избор за семеен љубимец, па размислете на нив кога му бирате другар на вашиот клинец.

Кокер Шпаниел

Со меко крзно, долги уши и секогаш расположен за игра, кокер шпаниелот е секако избор број еден за детски другар, посебно доколку децата се мали. Познавачите на кучиња се сложуваат дека оваа раса е фантастична за семејства со деца – мали, преслатки, не прават многу бука и не се злопамтила кои ќе се обидат да вратат кога детето од љубов ќе ги стегне малку повеќе. Сепак, доколку се решите за кученце од оваа раса, проверете да нема некое заболување кон кое овие песови се генетски склони, а кое може да предизвика силни болки во главата и вратот.

Лабрадор

Доколку имате куќа и двор, па со самото тоа нешто повеќе простор за поголем пес, лабрадорот е идеален избор за вас. Точно е дека ова се големи кучиња, но се сосема добри по карактер, интелигентни и послушни, па доста лесно се тренираат. Многу се дружељубиви и го обожаваат престојот надвор, на отворено, па така на децата со лабрадорот никогаш нема да им недостасува друштво за трчање. Љубителите на кучиња велат дека златниот лабрадор е полесен за тренирање отколку оној со боја на чоколада или црн, па затоа размислете за тоа дали вашиот иден пес ќе го носите на натпреварување или ќе го одберете она кученце по кое вашето срце едноставно само ќе тргне.

Шнауцер

Доколку барате пес кој секогаш ќе биде со вашето дете, определете се за шнауцер. Одлучувајќи се за шнауцер, тешко дека ќе направите грешка, иако можеби лаат малку повеќе, но затоа се многу верни, доверливи и остваруваат извонредно силна врска со семејството со кое живеат. Ова е тип на куче кое навистина има вистински 'семеен' карактер.

Мопс

Мопсот е нешто помлад брат на боксерот и затоа К9 стручните лица го препорачуваат за семејства со мали деца (иако боксерот е одличен семеен пес, доста е силен и лесно и несакајќи може да бутне на земја дете од 1 до 3 години). Мопсот меѓутоа ги има сите добри одлики на боксерот, само е телесно помал. Овој пес има одличен карактер и не бара многу. Во суштина, тој е права 'маза' и обожава да го поминува времето по дома.

Бигл

И, најпосле, фаворитот на најголем број деца, Бигл. Самиот факт дека е тој најпопуларниот лик од цртаните филмови, преку ликот на Снупи, покажува дека при изборот на љубимец кој децата би го прифатиле и како цртан филм се земал ликот и карактерот на ова господско, англиско куче кое е дел од племството во и околу Бакингамската палата во Лондон речиси цел еден век.

Билг е вид кој никогаш, ама баш никогаш, не посегнал агресивно кон било кој член на семејството и е приврзан кон домашните подготвен да го мине и цел ден легнат покрај нив. Во неговата основа тој е куче за лов на птици, бара прошетки и не е послушен додека го шетате, сака да истражува наоколу е препорачливо е да го шетате постојано на поводец но, затоа е мил и покажува љубов која може да ви го смени денот, на поубаво секако. Ретко кој вид умее да создаде толку хармоничен однос на позитивни вибрации со домашните, а не им е терет бидејќи има меко влакно кое лесно се одржува, храната за кучиња му е доволна и покрај него ќе имате многумина кои ќе сакаат да го погалат, да го пофалат вашиот избор и, зошто да не, да стекнете со своето куче и нови пријатели.

Во оваа топ група секако спаѓааи и барем уште пет други видови како Златниот ретривер, Малтезер, Пудлата... но рековме дека ќе се ограничиме на пет и затоа запираме тука.

Песовите во места за згрижување се обично вакцинирани и исчистени од паразити, но сепак, за да бидете 100% сигурни, однесете го до ветринар!

Како децата да бидат безбедни со песот

Кога новиот четвороножен член на семејството по прв пат стапнува во вашиот дом, поставете ги основните правила на однесување за обете страни, со што и децата и кучето ќе бидат навистина прави пријатели – и тоа за цел живот!

Потрудете се на песот да му биде јасно дека сепак детето е на прво место – во ситуации кога го држите бебето во раце, треба да му биде јасно дека треба да си го дочека редот за добивање на поголемо внимание.

Одбележете (не буквално и физички) дозволена зона за љубимецот. Ова е сосема индивидуална одлука – додека едни родители не му дозволуваат на песот да влегува во спалната соба како детето не би се изложило на бактерии, други сметаат дека детето лазејќи по другите простории, секако доаѓа во контакт со сериозни супстанци. Во секој случај, границите кои ќе ги поставите треба да се почитуваат!

Ако се земе во предвид дека децата често – и покрај сите предупредувања и објаснувања зошто не треба да му пикаат прсти на песот во очите, ушите или пак го влечат за опашот – не е лоша идеја во најмладиот период на раст, да го научите кучето на таков вид на игра, како подоцна не би реагирало (оправдано) бурно.

Кога детето веќе може да разбере, објаснете му како може да се мази со песот и што му годи, а што не!

Научете го детето да не вришти кога си игра со кучето и дека неговиот љубимец не сака кога детето е грубо со него. Значи: нема буткање, мавање со предмети и влечење за опаш или уши.

Нека малиот/малата научи дека времето за јадење е време за мир и спокојство и за песот како и за него, што значи дека нема вознемирување додека песот јади.

И на крајот, со сите правила и грижа околу тоа како детето ќе се спријатели со кучето, не заборавете да им дадете време да се навикнат еден на друг. Дозволете им да здружат на себе својствен начин и наскоро вашиот клинец ќе има најдобар и најверен пријател за целото детство.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари