Видео:

Како живее јапонскиот мафијаш: Јапонските јакузи преживуваат тешки времиња и одмазди

Препознатливи се по кратките коси, тетоважи речиси по цело тело и по недостаток на малиот прст од раката. Макото е познат член на мафијата јакузи. Некогаш животот во јапонското подземје бил "плоден", но денес јакузите преживуваат тешки времиња.

Кога ќе се помислело на јакузите, обично луѓето замислувале мрачни момци во црни костими и затемнети наочари. Додека јапонските гангстери во филмовите се прикажувани како немилосрдни професионални убијци, сепак реалноста е поразлична.

Макото, како што вели самиот, е тетовиран мафијаш и е "старомоден маж". Тој признал дека им се придружил на јакузите бидејќи бил мрзелив за да работи вистинска работа. Криминалниот синдикат некогаш била моќна организација. Тоа било толку "отворен криминал" што дури и на вратите од канцелариите имале натпис.

Во документарецот снимен за Макото, тој се жали дека не можел да добие кредитна картичка, а ниту да изнајме стан. Да биде се полошо, кинеските банди ги зазеле местата на јакузите. Макото вели дека недоразбирањата меѓу бандите се решаваат на мирен начин, но ако преговорите пропаднат - одмаздата започнува.

Макото се оженил три пати до сега, моментално е разведен и сам се грижи за својот син.

"Не би сакал мојот син да биде мафијаш, бидејќи денес тоа е многу тешко. Кога ќе порасне, ќе биде уште потешко", искрено зборува Макото.

Кои се јакузите?

Јакузите се припадници на криминална организација, традиционалниот синдикат за организиран криминал, исто така познати како "насилничка група". Името го добиле според популарната игра со карти ханафуда, односно најлошата комбинација која играчот може да ја извлече: 8(ја), 9(ку) и 3(зи), што во буквален превод значи безначајно.

Поврзани

Најнови вести

Коментари