Јавна дебата на тема дали граѓаните на Скопје го селектираат домашниот отпад

Министерството за животна средина и просторно планирање и еколошката организација „Гоу грин Скопје“ утре во ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе организираат јавна дебата на тема: „Дали граѓаните на Скопје го селектираат домашниот отпад“

На официјалното отворање на EWWR ќе биде објавена програмата „Европските иницијативи и иницијативите во Македонија за Европската недела за намалување на отпадот“ и ќе бидат промовирани и дискутирани резултатите од истражувањето „Селектирање на отпад во домаќинства со фокус на отпадното масло за јадење“ на територијата на Град Скопје. Дебатата ќе ја отворат Кристијан Тимоние, амбасадор на Р. Франција, и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари