Вреди да се проба

Јаболковиот оцет има една фантастична примена која ќе ви заштеди многу пари!

Јаболковиот оцет има многу бенефиции за нашето здравје, но може да се искористи и за разубавување.

Јаболковиот оцет има многу бенефиции за нашето здравје, но може да се искористи и за разубавување.

Јаболковиот оцет е познат народен лек за многу проблеми, а најпознато е неговото благотворно влијание врз работата на срцето. Но, тој има уште една примена за која можеби не сте знаеле, а која ќе ви обезбеди блескава насмевка.

Избелувањето на забите во стоматолошки ординации не е воопшто евтино, па поради тоа ќе ве израдува информацијата дека тоа можете да го направите сами дома, и тоа со помош на јаболков оцет!

Потребно е една супена лажица од оцетот да ја разредите во чаша вода. Потоа, убаво исплакнете ја устата со течноста (секако, без да голтате), а потоа натопете ја четкичката во неа и убаво истријте ги забите, како што тоа вообичаено го правите.

После првата примена, забите би требало да ви бидат барем за нијанса посветли, а со редовна примена (која не подразбира користење на течноста повеќе од еднаш неделно), ќе ви се исчистат и дамките од кафе и цигари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари