Кој би рекол?!

Ја ставаме во уста секојдневно, а повалкана е и од ве-це шолја!

Во домаќинството постојат осум места на кои има повеќе бактерии, отколку во тоалетот. 

"Малкумина се оние кои секоја недела имаат време да го исчистат сетона што е потребно, но и кога имаме време ги занемаруваме предметите кои носат опасност", се наведува во извештајот на Институтот "Good Housekeeping".

На четкичката за заби се таложат бактериите од устата на сопственикот и од воздухот кој потекнува од ве-це шолјата. Магнет за бактерии се и далечинските управувачи, тастатурите, екраните, пешкирите, кујнските крпи, домашните миленици, теписите и сунѓерчињата од кујната. 

Пред пуштањето вода најпаметно е да го спуштите капакот, а четкичката за заби пред користење треба да ја потопите во вода за плакнење уста. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари