"Ја мразам оваа епоха, ќе заминам од овој свет без жалење..."

"Живото повеќе не ми носи ништо.Се сум доживеал, сум видел се. Но најмногу што мразам е оваа епоха...

Еден од најславните француски глумци на сите времиња - Ален Делон во интервју објавено во специјалнен број на француското спосание Пари Мач, посветено на неговата 60 години кариера, вели дека "овој свет ќе заминам без жалење"

"Живото повеќе не ми носи ништо.Се сум доживеал, сум видел се. Но најмногу што мразам е оваа епоха, ми се повраќа од неа", објаснува 82 годишниот глумец на крајот од интервјуто насловено "Јас Делон: Интервју за неговиот живот".

"Има луѓе кои ги мразам. Се е лажно, искривено. Нема повеќе почитувње, никој веќе не ви дава на збор. Само пари се сметаат. Цел ден слушам само за злосторства. Знам дека овој свет ќе го напуштам без жалење", рекол Делон.

Скоро сите се мртви, истакнува легендарниот глумец, на кого пред неколку месеци му починала бившата партнерка Миреј Дарк, глмица која со него го делела живото сеумнаесет години.

Напоменува дека снимање на неговиот "последен филм", во кој треба да игра со Џулијет Бинош", "доцни", како и дека би "сакал последен пат да застане на театарските даски".

Во театар последен пат настапил во "Обичен ден" на Ерик Асус.

Публиката особено ќе го памети по улогите во филмовите "Роко и неговите браќа"(1960), "Затемнување"01962) и "Господинот Клајн"(1976).

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари