Природен рецепт

Измешајте мед со обична крема и исчистете ги порите од лицето!

Честопати, акните се проблематични за лекување, но постојат природни начини кои помагаат во нивно држење под контрола.

Проблемите со кожата отсекогаш претставувале голема грижа за жените. Некои жени се соочуваат со акни во текот на различните циклуси од животот поради промени во хормоналната рамнотежа.

Честопати, акните се проблематични за лекување, но постојат природни начини кои помагаат во нивно држење под контрола.

Оние не толку среќните кои постојано се борат со хроничната појава на акни, со текот на времето можат да имаат проблеми и со лузни и флеки на лицето, чии последици можат да влијаат врз самодовербата и социјалниот живот.

Но, нема место за паника, бидејќи во продолжение Ви претставуваме неколку начини како да се решите од лузните за многу кратко време.

• Сок од лимон – помага кожата да остане хидрирана, еластична и мека.

• Мед помешан со обична хидратантна крема или мешавина од овес и мед – ги чисти порите и ја омекнува кожата.

• Јаболков оцет – ја намалува иритацијата на кожата, ги смирува инфекциите и ја прави кожата мека. Се смета за најдобро решение против акни.

• Сок од краставица – ги намалува воспаленијата и ја зголемува еластичноста на кожата.

• Масло од чајно дрво – успешно ги отстранува бактериите.

• Маслиново масло и сол – го отстранува вишокот на маснотии на кожата, ги намалува воспаленијата и го лечи кожното ткиво.

• Домат – ја зголемува еластичноста на кожата и ги намалува бактериите.

Гореспоменатите состојки се нанесуваат со помош на памучна вата, на местото кое сакате да го третирате.

Пред нанесувањето, измијте го лицето со топла вода за да ги отворите порите. Доколку имате чувствителна кожа, не користете јаболков оцет.

Поврзани

Најнови вести

Коментари