Исповед на млада девојка

Изгубив невиност со него, истата вечер ме откачи!

Сексуалниот чин, посебно оној првиот треба да е интимен и нежен, но кај повеќето девојки тоа не е случај. Еве еден таков пример.

 

Моето прво сексуално искуство ми остави сериозни трауми...

Прв пат имав секс со момче со кое бев 1 месец во врска, тој не знаеше дека јас сум сеуште девица.

Кога дојде до тој момент исплашено го погледнав и му кажав дека тоа прв пат ми се случува, тој се насмевна, не ми поверува.

Бев преплашена, а тој уживаше во самиот чин...

Се се случуваше полека, тој не можеше да поверува дека му ја кажувам вистината.

Можеби и немаше да биде така лошо искуство да не ми кажеше дека ако знаел претходно дека сум девица немал воопшто да започне врска со мене.

Ми рече дека тој не е спремен ништо да ми даде, дека сакал само забава и дека најдобро за нас двајцата е да се разделиме уште истата вечер.

Неговата цел била да најдам некој што ќе ме заслужува... Клише муабет...

Живеев со страв и помислата зошто тоа го направив, на моменти се проколнував, но сепак сфатив дека така требало да биде.

Поврзани

Најнови вести

Коментари