Изборете се со алергиите уште пред да почнат

Aлергиите не можеме да ги поврземе само со едно годишно време, тие се активни во текот на целата година, но вопролет тие се најинтензивни.

Прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат да ги регулирате алергиските реакции во текот на пролетното расцветување на природата:

Прескокнете го проветрувањето

Експертите препорачуваат во текот на пролетните денови да ги држите прозорците затворени. Топлиот воздух кој дозволувате да циркулира во вашиот дом при проветрување, всушност само го зголемува нивото на полен онаму каде престојувате. Како замена користете освежувачи на воздухот со јонизирани воздушни филтри.

Придржувајте се до советите на нутриционистите

Колку и да ви изгледа нелогично, сепак исхраната е еден од основните сегменти при регулирање на алергените реакции. Поконкретно, преработените шеќери и јагленохидрати всушност го ослабуваат вашиот имунолошки систем и тој станува поподложен на алергиите. Во овој период од годината препорачливо е да се придржувате до начин на исхрана кој е богат со омега-3 киселини.

Постелнината складирајте ја сезонски

Дополнителните перници и ќебиња кои ги складираме во плакарите се едни од најподложните привлекувачи на алергени. Затоа во собата во која спиете чувајте го само она што го користите во тој момент, останатите прекривки и перници складирајте ги.

Поврзани

Најнови вести

Коментари