Задолжително четиво за сите идни родители

Името кое ќе му го дадете на детето всушност го опишува вашиот карактер

Дури и да не сте родител, сигурно е дека имате лист ана имиња кои би ги дале на вашето дете. А, тоа всушност многу зборува за вас.

Дури и да не сте родител, сигурно е дека имате лист ана имиња кои би ги дале на вашето дете. А, тоа всушност многу зборува за вас.

Имиња на познати личности

Се повеќе родители даваат имиња според омилените ликови од серии или познати личности. Трендот што поневообичаено – тоа подобро така се продолжува веќе неколку години. Родителите кои на бебињата им даваат такви имиња најчесто се сметаат за лица кои сакаат внимание. Чест е случајот да и тие самите делеле име со многу други, па тоа не им се допаѓало. Имајте на ум дека истите имиња сигурно нема да бидат популарни за десетина години кога вашето дете ќе влезе во пубертет.

Старински имиња

Родителите кои на децата им даваат старински имиња се сметаат за конзервативни. Но, тоа не мора да биде со лош предзнак. Во морето чудни имиња не е лоши да се присетите на некои убави стари. Но, ако на детето му дадете име по предците, би требало да водите сметка за т.н. правило на три генерации.

Единствено име

Често родителите сакаат да измислат целосно ново име така што некое постоечко малку го прилагодат со промена на некоја буква. Притоа бидете многу внимателни, не сакате еден ден вашето дете да го исмеваат на училиште поради името, зар не? Не дозволете вашата желба за креативност да биде терет за детето цел живот.

Семејни имиња

Лицата кои за своите деца бираат имиња од членови на семејство се сметаат за најмногу сентиментални. Земете предвид и звучност на името, затоа што поголемиот дел од луѓето низ животот нема да знаат за сентименталната приказна која стои зад самото име.

Унисекс име

Имиња кои еднакво добро одговараат и на машките и жеските деца и натаму се прилично чест избор. Родителите кои на децат аим даваат такви имиња најчесто се многу успешни во својата работа. Унисекс имињата имаат декларативна смисла, па се смета дека делумно и поради името детето ќе биде поуспешно на професионален план.

Поврзани

Најнови вести

Коментари