Светот полуде по малата Мила

Има само две години, а нејзините проблеми се хит на интернет!

Две годишната Мила Стафер моментално е една од најголемите ѕвезди на социјалните мрежи.

Две годишната Мила Стафер моментално е една од најголемите ѕвезди на социјалните мрежи.

Мајката на Мила, Кејти Стафер прикачува смешни видеа од малата ќерка на кои најчесто дискутира за своите проблеми. Овие видеа на Кејти и малата Мила им донеле два и пол милиони следбеници на Инстаграм.

Ова преслатко девојче постојано зборува за "проблемите" на возрасните и опишува секојдневни ситуации. Нејзина тема на разговор се момчињата, екипата од градинка па се до момците кои посетуваат теретани.

Кога нејзината мајка за прв пат објавила видео од Мила, за само неколку денови бројот на следбеници на Инстаграм драстично ѝ се зголемил.

Малку е дрска и обожава да глуми. Поради тоа ја снимаме, бидејќи таа ужива во тоа. Дури и ако ѝ дадеме подготвен говор, навистина е смешно да гледате две годишно девојче со такви емоции", вели Кејти за Fox.

Мила има постар брат и сестра кои исто така ѝ помагаат во смислувањето на теми, а често и ја снимаат.

Ќе смислиме некој обична тема или обична ситуација и потоа таа ќе каже нешто слатко, а јас ќе ѝ помогнам - ќе додадам неколку зборови да биде позабавно и подобро осмислено", вели Кејти.

Малата Мила можете да ја погледнете на следниот линк;

https://www.instagram.com/p/BZp6paPn3BD/?taken-by=kcstauffer

Поврзани

Најнови вести

Коментари