Годините не и можат ништо, младиот дух е најважен

Има 98 години, а уште одржува часови по јога!

Веќе 75 години таа секое утро се буди во пет часот наутро и ги подучува љубителите на оваа древна вештина.

Тао Порчон Линч има 98 години и е најстарата инструкторка за јога во светот.

Веќе 75 години таа секое утро се буди во пет часот наутро и ги подучува љубителите на оваа древна вештина.

Порчон неодамна во едно интервју ја открила и својата тајна за среќа, здравје и долговечност.

Се е е возможно, е нејзината мантра.

Кога секое утро ќе се разбудите со помислата ова ќе биде најубавиот ден во мојот живот,тоа навистина и ќе биде така. Знам дека во сите постои радост, само треба да ја пронајдете, рекла Тао која инаку е и професионална балерина во пензија, а се има испробано и како актерка.

Иако има 98 години нема никакви сериозни здравствени проблеми и има само вештачки колк кој морала да го вгради пред неколку години поради незгоден пад.

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари