Докажано

Хорор! Зјапањето во паметните телефони пострашно од што мислевме

Повеќето луѓе знаат дека предолгото гледање во паметниот телефон е штетно, но новите истражувања покажуваат дека ситуацијата е далеку позагрижувачка, пишува списанието „БМЦ Офтамолоџи".

Испитувањето е извршено врз 916 деца во Јужна Кореја, на возраст меѓу седум и 12 години, од кои дури 97 отсто користеле смартфони повеќе од три часа дневно.

Во написот се наведува дека кај децата кои прекумерно го користат својот телефон, се појавува синдромот „суво око". А пак, кај оние кои еден месец биле лишени од своето омилено хоби, симптомите се повлекле.

„Суво око" или ксерофталмија е состојба во која очите не солзат доволно, што предизвикува црвенило и иритација.

Кога „зјапаме" во таа волшебна направа, просто се случува да трепкаме поретко, што е причина за помала влажност на самото око.

Поврзани

Најнови вести

Коментари