Моќта на ананасот:

Го зајакнува имунитетот, ја затегнува кожата и штити од рак

Ананасот бил откриен на Карипските острови од страна на шпанските и португалските морепловци, кон крајот на 15. век. Импресионирани од мирисот и вкусот на ова сочно јужно овошје, тие пробале во повеќе наврати да го преселат во Европа, но поради различната клима, тој не успевал на европското тло.

Ананасот бил откриен на Карипските острови од страна на шпанските и португалските морепловци, кон крајот на 15. век. Импресионирани од мирисот и вкусот на ова сочно јужно овошје, тие пробале во повеќе наврати да го преселат во Европа, но поради различната клима, тој не успевал на европското тло.

Конечно, подоцна бил распространет и кон африканските и азиските колонии, а денес се смета за едно од најпознатите тропски овошја.
Неговите лековити својства ги откриле австралиските научници од Институтот за медицински истражувања во Квинсленд. Тие заклучиле дека плодот на ананасот содржи моќна антиканцерогена состојка, која во иднина би можела да биде решение на многу опасни болести.

Од неговите петелки издвоиле два молекули бромелин. Едната од нив го поттикнува имунолошкиот систем да ги уништува канцерогените клетки, додека другата молекула го блокира одредениот протеин кој е одговорен за дури 30% од случаите на настанување на сите облици на карциноми. Посебен ефект има кај канцерогените клетки на дојката, белите дробови, дебелото црево, јајчниците и меланомите. За да се потврди ефикасноста на оваа терапија, треба да се завршат клиничките истражувања. Засега, експертите препорачуваат по три овошни оброци ананас дневно, со цел да се постигне антиканцерогениот ефект.

Бромелинот е ефикасен во локализирањето на воспаленијата со едеми, ги намалува воспаленијата, отоците и лузните. Тој го зајакнува колагенот во ткивата зафатени со целулит, ја дренира крвта и го олеснува варењето на протеините. Бромелинот од ананасот брзо и ефикасно ги намалува болките. Мислењето на научниците е дека ги разградува протеините во крвта, па на тој начин ги намалува воспаленијата кои предизвикуваат болка. Во исто време, ананасот ги штити зглобовите од слободните радикали.

Поради својствата кои ги поседува, анасот е одличен во борбата против вишокот килограми, а покрај тоа тој го елиминира целулитот и ги намалува брчките. Сокот од ананас често се користи како средство за избледување на ,,старечките пеги,, и тоа најчесто кај оние кои се појавуваат на дланките.

Народните доктори го препорачуваат ананасот при воспаление на белите дробови, бронхитис, анорексија, некои видови алергии, проблеми со штитната жлезда, гребење во грлото, артериосклероза итн. Поради големата количина на целулоза, тој е одличен и при отежнато варење. За жал, има во себе и многу шеќер, па дијабетичарите би требало да го одбегнуваат.
Сокот од ананас го намалува притисокот и температурата

Свежо исцедениот сок од ананас е исклучително здрав. Тој помага при треска и висока температура и го јакне имунолошкиот систем. Исто така, го намалува високиот крвен притисок, ги одзатнува крвните садови и делува како диуретик, бидејќи го елиминира вишокот вода од организмот. Ги чува коските од остеопороза и кршење, па поради тоа треба често да се пие.

Поврзани

Најнови вести

Коментари