ГО ПРАВИТЕ ТОА? Одговори на секс прашања - што ви е срам да ги поставите

Иако многумина мислат дека знаат се за сексот и се околу него, сепак има прашања кои се непријатни за поставување, а чиј одговор сепак е важен. Еве некои од тие прашања и одговорите на нив.

Може ли случајно да се измокрам во кревет за време на секс?

Одредени пози во сексот, како што е мисионерската положба, може да доведат до притисок во тој подрачје што може да предизвика несакано „протекување".

„Ако ова се случува ретко, нема потреба од грижа. Ако течноста која истекла е без мирис, тогаш веројатно дошло до ејакулација", тврди гинекологот Лорен Стречер.

„Но, ако во текот на сексот урина редовно тече тоа би можело да биде инконтиненција", додава и советува јакнење на мускулите со помош на Кегеловите вежби како и советување со гинеколог.

Зошто понекогаш за време на секс неконтролирано плачам или се смеам?

„Сексот е неуролошки и емоционален настан", вели Деби Хербеник, научник од Центарот за проучување на сексуалноста и здравјето на Универзитетот во Индијана.

„Станува збор за интензивен чин во кој што сме соголени пред други лица што кај некои жени може да предизвика неочекувани чувства и реакции. На емоционалната реакција може да влијаат и хормоните, како и стравовите кои ги имате во својата врска. Вие самите најдобро знаете, ако се чувствувате дека нешто не е в ред, зборувајте со партнерот или посоветувајте се со терапевт"

Не сум ни близу до менопауза, но сум сува како Сахара, дури и кога сум расположена за секс. Како е тоа можно?

„Постојат многу фактори кои влијаат на природната лубрикација кај жените. Се' што го саботира рамнотежната работа на хормони или протокот на крв низ телото, може да ја исуши вагината", тврди Лорен Стречер и додава дека околу пет отсто од жените кои користеле орална контрацепција имаат проблеми со сувоста. На вагиналната сувост влијаат и антихистамините, доењето, хемотерапија, дијабетес... За овој проблем експерите препорачуваат користење лубриканти.

Дали треба да ме загрижува ако крварам за време на секс?

„Ако крвта е со светла боја и ако се случило само еднаш, по нешто пожесток секс, тогаш веројатно тоа е последица на иритација и триење", вели Лорен. Но, ако тоа се повторува и ако количината на крв е поголема неопходен е гинеколошки преглед. Тоа би можело да бидее последица од инфекција како што кламидија или гонореја.

Поврзани

Најнови вести

Коментари