Највкусниот чоколаден чизкејк:

Фантастичен колач без печење, готов за само 20 минути!

Неодоливата комбинација од состојки создава десерт којшто се подготвува екстремно брзо, но и десерт којшто уште побрзо "го снемува".

Неодоливата комбинација од состојки создава десерт којшто се подготвува екстремно брзо, но и десерт којшто уште побрзо "го снемува".

Потребни состојки:

Состојки за подлогата: 150 грама бисквити, 100 грама путер и 2 лажици какао .
Состојки за кремот: 300 грама чоколадо за готвење, 500 грама крем сирење или маскарпоне, 200 грама шеќер во прав и 250 милилитри слатка хопла.

Подготовка:

Иситнете ги бисквитите и измешајте ги со претходно стопениот путер и какаото. Зависно од калапот што го поседувате, ако тоа е потребно обложете го со хартија за печење, па врз хартијата нанесете ја смесата за подлога од путер, бисквити и какао. Бисквитите може да ги иситните и во блендер, мелница за кафе и ореви, или едноставно да ги ставите во кеса и потоа да ги "исчукате" со сукало, се додека не добиете смеса налик на прав.

Со миксер сматете ја слатката хопла, додадете го крем сирењето или маскарпонето, шеќерот во прав и растопеното млако чоколадо (внимавајте чоколадото никако да не биде премногу жешко). Добро измешајте ја смесата додека да добиете хомохена текстура, па потоа истата прелијте ја врз подлогата од бисквити.

Оставете ја вака подготвената торта во ладилник, и тоа најмалку 6 часа додека убаво да се стврдне.
Совет плус: Од чоколадо може да направите и глазура, па потоа со неа да ја прелиете тортата, а парчињата од тортата би било одлично ако ги послужите со парче од омиленото овошје, или пак парчиња ореви, лешници или бадеми.

Уживајте!

Поврзани

Најнови вести

Коментари