Еве зошто се слави Денот на вљубените!

Св. Валентине заменет со римскиот култ на божицата Јунона, која била заштитница на семејството и бракот 

Иако Денот на вљубените се слави ширум светот, малку луѓе за него размислваат како за верски празник.

14 февруари римокатоличката црква прославува спомени на дури двајца светители со исто име – Валентин, кои спрема преданијата и двајцата се погубени.

Еден бил Валентин, тернијски епископ, на кого му е одсечена главата 269 година, за време на царот Клаудиј втори. Над неговиот гроб во 4 век подигната е базилика. Другиот е римски Валентин и не се смета за историска личност.

Култот за Св. Валентин од Трени, епископ и маченик, брзо се проширил, прво низ Рим, а потоа во светот. Пренесен е во својот град Трени, 1065 година. Се прикажува како свештеник или епископ, некаде и како исцелител на епилепсија, бидејќи бил заштитник од таа болест, како и од колера. Почнувајќи од 14 век, на Запад го сметаат и покровител на вљубените.

Меѓутоа, Валентин во новата историја е избришан од календарот на католичката црква поради, како што се наведува "желба за намалување број на свети денови кај оние светци за кои немало јасни исориски факти".

Судејќи по се, празнување на Св. Валентине заменет со римскиот култ на божицата Јунона која се славела истиот ден. Таа била заштитница на семејството и бракот и на нејзин ден на жените се подарува цвеќе.

Денеска на денот на вљубените се практикуваат различни обичаи и се повеќе се врзуваат за потрошувачко опшество.

Правславната црква Св. Валентин го слави на 13 август, а 14 февруари Св, Труфун.

Поврзани

Најнови вести

Коментари