Две третини од Американците веруваат во вонземјани

Околу 68 проценти од луѓето што живеат во САД веруваат дека постои интелигенција надвор од Земјата, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Инстутотот за испитување на јавното мислење „Марист“.

„Како што истакнуваат социолозите, во споредба со 2005 година, бројот на американски граѓани кои веруваат во вонземјани забележа пораст од 16 проценти. Според резултатите од истражувањето, 55 проценти од анкетираните сметаат дека вонземјаните ќе нѐ пронајдат нас, пред ние да ги пронајдеме нив. Четириесет и два проценти се убедени дека вонземјаните се поразвиени од жителите на земјата. Во исто време, 31 процент од Американците веруваат дека жителите на другите планети со нивните интелектуални способности не се многу од нас. Единаесет проценти веруваат дека ние веќе ги откривме вонземјаните. Студијата беше спроведена од 29 до 31 јануари, и вклучи 1003 луѓе.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари