Држи се до ова - и ќе имаш пари

Доколку имате чувство дека парите некаде ви „протекуваат" и постојано ви недостасуваат, а не знаете како и зошто, тогаш време е да размислете за промена. Основата на сè е штедењето и поставувањето на цели, со цел секогаш да имате некаква финансиска сигурност.

Во продолжение ви нудиме начини на кои најлесно можете да заштедите пари, но и совети како правилно да управувате со нив.

Штедете на забава

Речиси сите информации кои ви се потребни денес можете да ги пронајдете на интернет. Иако претплатата на некој магазин или списание можеби не ви изгледа голема сума, меѓутоа треба да размислите дали информациите во него можете да ги добиете бесплатно.

Штедете на трошоци за автомобилот

Сите луѓе денес не можат без автомобил, а трошоците околу него се навистина големи, па затоа треба да размислите дали ви е потребно на пример вградување на плин. Доколку планирате да купите нов автомобил земете во предвид автомобил постар неколку години затоа што неговата цена е сигурно пониска за околу 40%.

Штедење на храна

Ако вашиот избор се пицерии, брза храна или готова купена храна од продавници, размислете за промените во исхраната – можете со помалку пари да се храните здраво и да живеете уште поздраво. Гответе сами и испланирајте си ги оброците врз основа на тоа што има во вашиот дом.

Штедење на работи без кои можете

Ако сте пушач, одвикнете се од оваа лоша навика. Неодамна цигарите повторно поскапеа. Ослободете се од некои вакви навики и од навиката да купувате работи без кои можете.

Штедете на струја и режиски трошоци

Исклучувањето на компјутерот и телевизорот се одличен начин за заштеда на струја. Иако веројатно ви се чини како ситница, не сте во право – станува збор за навики кои ве следат целата година. Количината на енергија која ја трошите на крај е навистина голема.

Штедење на сметки за мобилни телефони

Размислете за пакетите кои ги нудат телефонските оператори. Споредете ги цените и проверете дали сте ја избрале најповолната. Дали ви треба сè што користите како на пример кабелска или пакет кој нуди неограничени бесплатни минути со фиксен телефон.

Можете да штедите и на...

Направете листа за тоа што треба да се купи наредниот месец, па после неколку денови погледнете ја. Сигурно ќе заклучите дека се' што сте ставиле на листата не е неопходно и дека можете без некои работи на кои од месец во месец трошите пари.

Доколку имате кредитни картички, ослободете се од вишокот бидејќи парите кои ги плаќате за камати и членарина сигурно можете да ги потрошите попаметно.

Одржувајте штедлив буџет

Паметното располагање и штедењето треба да станат ваше секојдневие.

На крајот:

Направете парите да работат за вас

Откако ќе создадете фонд за итни случаи и ќе пресметате колку долго ќе можете да ги исплаќате долговите/кредитите, почнете да се занимавате со долгорочни цели. Размислувајте за пензионерските денови. На пазарот се нуди палета на финансиски производи и услуги, со кои можте да ги „оплемените" парите за старост. На вас останува да одлучите дали тоа ќе биде животно осигурување, вложување во акции, инвестициски фондови или нешто друго.

Поврзани

Најнови вести

Коментари