Докторите кубат коси: Мртва жена се породила 10 дена откако била почината!

Во оваа работа сум повеќе од 20 години и никогаш не сум чул за случај дека мртва жена родила бебе...

Кога вработените во погрбеално претпријатие видела мртво бебе покрај ногата на мртвата жена која починала пред 10 дена, толку биле во шок, што не успеале да видат кој пол било бебето.

Номвелисо Номасонто Мдој (33), мајка на пет деца, се жалела на ненадејно губење на воздух во својата селска куќа во Јужна Африја, и веднаш потоа починала.

Нејзиното тело го преземала агенција која е најмена да организира погреб. Меѓутоа, ненадејно пред погребот, десет дена откако починала, вработените од погребално приметиле мртво бебе кое се појавило меѓу нозете на нејзиното безживотно тело.

Опуштање на мускулите, како и голема количина бактерии кои се создале, се причина кои предизвикале "излегување" на бебето од телото, објасниле стручњаци за локалните медиуми.

"Кога го пренесувавме нејзиното тело од мртовечницата во сандак, откривме дека покрај нозете лежи бебе" објаснил шефот на погребалното претпријатие и додал дека биле толку запрепастени што не стигнале да видат кој пол било мртвороденото бебе.

"Во оваа работа сум повеќе од 20 години и никогаш не сум чул за случај дека мртва жена родила бебе", рекол тој.

Овој шокантен настан уште повеќе ја потресло мајката на покојната жена Мандзулу Мдој (76).

"Ги повикувам и молам образованите луѓе, оние кои знаат повеќе од нас, да ни кажат како е можно мртва мајка да роди дете", рекла старицата.

"Бев скршена од болка поради ненадејната смрт на моето дете, а сега доживеав најголем шок во мојот живот кога слушнав дека се породила после 10 дена откако е почината. Што е тоа? Боже, те молам дојди и направи нешто" низ солзи зборувала мајката на мртвата жена.

Фамилијата наводно ги игнорирала неки симптоматични претпоставки, а погребот и кремирањето го организирала онака како што било планирано, а бебето е погребано заедно со мајката во ковчегот.

Сеуште не е јасно дали животот на бебето можел да биде спасен ако лекарите постапеле поинаку кога на мајката и се слошило.

Поврзани

Најнови вести

Коментари