Девојки, искрено како ви е од позади?

Аналниот секс е најтабу тема од сите секс теми. Сите девојки баш не се осмелуваат да се впуштат во и да го испоробаат, главно поради предрасудите кои ги имаат. За да не се шират информациите на принципот рекла казала, две девојки одговараат на прашања кои најчесто најчесто ги копкаат сите кои ќе почнат да размислуваат за „од позади", а им е срам или немаат кого да прашаат.

1. Она што сите сакаме да знаеме - боли ли?

Девојка А: Мене ме болеше. Првиот пат имав чувство дека во тој дел на телото не треба да се прави такво нешто. Меѓутоа, научив дека е најбитно да се опуштиме и да држиме лесно темпо. Сум читала дека може да помогне ако се користи анален долдо во предиграта, но сѐ уште не сум го испорбала.

Девојка Б: Да не болеше, никој не ќе прашање.

2. Зошто го практикувате?

А: Се одлучив на тоа бидејќи имам слушано дека аналниот секс може да биде многу пријатно искуство, па и да се доживее оргазам. Покрај тоа, таквиот секс е немирен, но и табу, а мене ме привлекуваат такви нешта. На крајот, си помислив, зошто не?

Б: Обично се одлучувам на тоа кога сум пијана или сакам да го импресионирам среќникот.

3. Кој беше главниот иницијатор? Вие или партнерот?

А: Јас, со оглед на тоа дека многу уживаат во него. Партнерот со кој сум во врска и не е некој вљубеник во аналниот секс. Веројатно затоа сме го имале само три пати.

Б: Тој! Кога се случува, најчесто е затоа што јас попуштам. Се зависи од тоа колку ми се допаѓа фраерот. Инаку, после чинот, се чувствувам како тој нешто да ми должи.

4. Како ви беше првиот пат?

А: Чудно. Делува многу тесно и непријатно. Налик на грч. Но, така беше само првиот пат. Следниот беше многу подобро.

Б: На почетокот, многу непријатно. Сепак, ви влегува пенис во анусот, мора да е така.

5. Какво е чувството после некое време?

А: Се чувствувате исполнето, буквално! А чувството е прилично интензивно.

Б: Се навикнувате. И станува пријатно. Веројатно, исто како кај вагиналниот секс.

6. Дали некогаш станува сосема пријатно?

А: Познавам девојки што буквално го обожуваат. Сепак, аналниот секс е нешто што морате да го пробате повеќе пати, пред да дознаете дали ви одговара.

Б: Никогаш нема да биде супер, барем за мене. Со тек на времето станува подносливо. Но, зависи и од големината на неговиот пенис.

7. Дали партнерот очекува да сте депилирани и во делот на аналниот отвор?

А: Мислам дека не е задолжително. Барем јас не бев. Но, ако така се чувствувате поудобно, зошто да не?

Б: Не, тоа секако не е задолжително. Мислам дека за ниту еден фраер што сака анален секс, тоа не е толку важно.

8. Колку време сметате дека треба да помине (во врската) пред да имате анален секс?

А: Ние бевме заедно 7 месеци пред да се одлучиме на ваков чекор. Но, познавам и девојки кои го направиле тоа веднаш. Тоа се истите оние што го обожуваат ваквиот секс.

Б: Хмм, од искуство, ако навистина си се допаѓате еден на друг, и го посакувате, не гледам причина зошто би чекале.

9. Колку лубрикант ви е потребно?

А: Многу! Незамисливо ми е без лубрикант.

Б: Многу лубрикант, било каков. Дури и плунката е океј, ако баш немате ништо друго при рака.

10. Дали крвавевте?

А: Јас не крвавев, иако тоа ми делува како можна ситуација. Посебно ако сексот е груб и не користам лубрикант.

Б: Не, колку што се сеќавам.

11. Дали ставивте пешкир на креветот, или нешто слично?

А: Не знам зошто тоа би било потребно. Аналниот не ми изгледа ништо понеуредно од вагиналниот секс.

Б: Понекогаш, многу е можно да останат дамки. Сметајте дека тоа е колатерална штета.

12. Дали морате да се клистирате или да се избањате пред сексот?

А: Сум размислувала на таа тема, но никогаш не сум го направила. Ниту би го направила. Ми делува како преголем напор. И никој од оние што ги познавам не се клистирал. Бањање, да.

Б: Ма каков клистир? Кој нормален би се клистирал пред секс? Зарем во жарот на предиграта да речам: „Причекај секунда, одам да го измијам газот!"

13. Кои пози се пријатни (и препорачливи)?

А: Првиот пат пробавме „кучешки стил", но подоцна сфатив дека е попријатно кога седам на него, на пример, свртена со грб. Важно е да е девојката озгора и сама да го одреди ритамот и длабочината на пенетрацијата.

Б: За мене, „кучешката" е најдобра.

14. Кондомот е задолжителен, зарем не?

А: Секако!

Б: Ништо без кондом!

15. Сте доживеале ли некогаш оргазам само преку анален секс?

А: Не, ама сум слушнала дека е возможно.

Б: Не, ама јас не сум доживеала ниту само при вагинална пенетрација.

Поврзани

Најнови вести

Коментари