Животна школа:

Децата растат пребрзо,искористете го максимално времето со нив!

Одвреме-навреме е добро да застанеме, забавиме со брзото темпо на живот и да го послушаме животното искуство на постарите, кои секогаш имаат одлични совети. Еве дел од нив:

Одвреме-навреме е добро да застанеме, забавиме со брзото темпо на живот и да го послушаме животното искуство на постарите, кои секогаш имаат одлични совети. Еве дел од нив:

1. Најважната личност во Вашиот живот е личноста која се согласила да го дели животот со Вас. Затоа и така однесувајте се со неа.

2. Можеби ќе имате долг живот, а можеби животот ќе Ви биде краток – којзнае. Но, во секој случај, верувајте ми кога ќе Ви кажам дека ќе сакате повеќе да сте внимавале на себеси кога сте биле во младоста.

3. Предметите се само предмети. Немојте да бидете опседнати со материјални работи. Ценете го времето и искуството.

4. Љубомората ги уништува врските. Верувајте ѝ на својата подобра половина.

5. Луѓето секогаш велат: „Погрижете се да добиете работа каде ќе го работите тоа што го сакате". Но, тоа не е најдобриот совет. Вистинската работа е работа која некои денови ја сакате, други денови ја поднесувате, а и понатаму Ви ги плаќа сметките. Речиси никој нема работа која ја сака секој ден.

6. Доколку некогаш Ви е тешко да се справите со животот, само вратете се во сегашниот момент и уживајте во сè што е убаво и утешително. Длабоко вдишете, опуштете се.

7. Годините проаѓаат додека да трепнете. Не стапувајте во брак додека сте млади. Живејте го животот. Патувајте. Занимавајте се со нешто. Без обзир на тоа колку пари имате. Спакувајте ги торбите и одете секаде каде што можете да си приуштите да одите. Видете го светот.

8. Не го сфаќајте животот премногу сериозно. Дури и доколку работите Ви се чинат мрачни и безнадежни, обидете се да се насмеете.

9. Вистинските пријатели ќе дотрчаат доколку им се јавите во 2 часот наутро. Сите останати се само познаници.

10. Децата растат пребрзо. Искористете го максимално времето кое го поминувате со нив.

11. Никој никогаш не умрел жалејќи зошто не работел повеќе. Бидете вредни, но не ја ставајте работата пред семејството, пријателите или себе.

12. Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар или како да имате проблеми со срцето – за никогаш да не станете истото.

13. Можеби ова не е толку длабок совет како останатите, но грижете се за забите. Денталните проблеми се најлоши.

14. Не земајте ничиј совет како заповед. Може да побарате совет од некого кого го почитувате, но тогаш разгледајте ја Вашата ситуација и донесете сопствена одлука. Во суштина, мојот совет е да го послушате сопствениот совет.

15. Зглобовите кои ќе ги повредите денес ќе Ви се одмаздат подоцна. Дури и доколку сметате дека целосно сте закрепнале. Верувајте ми!

16. Имаме само една шанса во животот. Немојте да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а дека не сте ги направиле работите за кои отсекогаш сте сонувале.

17. Ценете ги малите работи и бидете присутни во сегашниот момент. Младите луѓе во денешно време сакаат сè одеднаш. Наместо тоа, зошто не го цените секој мал момент? Нема да останеме вечно на оваа планета. И најголемото задоволство може да се пронајде во најздодевните активности.

18. Плаќајте ги сметките и избегнувајте долгови. Кога би можел да си ги исплатам на себеси сите пари кои сум ги дал за камати во текот на сите години, сега би бил богат човек.

19. Доколку сонувате да сте некој или да правите нешто што Ви се чини невозможно, сепак обидете се.

20. Кога запознавате некого за првпат, застанете и сфатете дека не знаете ништо за него. Гледате раса, пол, години, облека. Заборавете на сето тоа. Не знаете ништо за него. Ваквите претпоставки базирани на предрасуди кои Ви се јавуваат во главата Ве ограничуваат и Вас и животите на другите луѓе.

Поврзани

Најнови вести

Коментари