Бившата е дел од минатото или...

Дали вашето момче е целосно ваше!?

Запознавте супер момче кое ве убедува дека вие сте сиот негов свет, но дали е навистина така? Дали девојката со која беше пред вас се уште му се вртка низ мислите? Тврди дека таа е минато, но дали навистина е така!?

Ве споредува со бившата

Мажот кој се уште не ја заборавил претходната врска, новата често ќе ја споредува со старата. Може дури и да ви рече дека го потсетувате на екс девојката или дека таа правела некои работи многу подобро од вас.

Брза да има сериозна врска
Мажите кои се уште не се помириле со минатото сакаат што побрзо да влезат во нова врска, зашто сакаат да ја воспостават ситуацијата која ја имале во минатата врска, вклучувајќи разни ветувања, прошетки, вечери...

Брзо се загреваат, а уште побрзо се ладат
Ако вашиот маж еден ден сака со вас да прави апсолутно се, да ве води на најубавите места, а другиот ден од вас да бара малку повеќе простор за себе, најверојатно го мачат сеќавањата од минатото

Вели дека никогаш не бил заљубен
Ако вашиот партнер тврди дека бившата ништо не му значела, иако биле заедно толку многу години, тоа е најверојатно заради лутината и уверувањето на самиот себе дека не сакал, односно дека ништо не изгубил. Таквите момци се далеку од преболување на минатите врски.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари