Докажано

Дали сте се запрашале зошто жените глумат оргазам?

Жените обично го лажираат оргазмот за да се спасат од срамот од патетично лошиот љубовник. Холивуд ни претставува симулација на оргазам како начин луѓето да бидат среќни, но во реалниот живот оргазмот има повеќе врска со се што се случува во женската глава. Според повеќето статистики 60 проценти од жените го глумат оргазмот за време на орален или нормален секс.

"Тоа е проблем за кој разговараме, гледаме во филмовите, читаме во списанијата. Знаеме дека е прилично распространет во нашите култури, ама не знаеме многу за тоа од научна перспектива, Тоа е катастрофално", вели Ерин Куперт од универзитетот Темпл, која интервјуирала 366 жени од 18 до 32 години кои излажале дека доживеале оргазам.

Многу од нив рекле дека глумеле дека се во еуфорична состојба затоа што се плашеле дека ќе го разочараат партнерот, ќе си ја нарушат интимноста и не сакале да го повредат емоционално и сексуално. Уште едно популарно објаснување е дека жените се чувствуваат непријатно заради неспособноста да доживаеат оргазам. Други, пак, рекле дека, ако не уживале во сексуалното искуство, по автоматизам го лажирале оргазмот за партнерот што побрзо да си го завршел своето.

Сепак, немало само негативни коментари. Некои се изјасниле дека глумењето оргазам им е многу пријатно бидејќи на тој начин го зголемувале сексуланото задоволство. Значи, можеби прашањето не би требало да биде која е нивната стратегија, туку глумењето да се прифати како еден од многуте алатки за позитивно сексуално искуство. Сепак, за повеќето жени глумењето оргазам е симптом на одвоеност од себе или пак од партнерот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари