Проверете дали тој е вистинскиот

Дали “пеперутките во стомакот” влијаат на Вашиот вид и слух?

Пред да дојде до моментот кога Вашата врска прераснува во нешто посериозно, проверете дали знаете одредени работи за Вашиот партнер.

Пред да дојде до моментот кога Вашата врска прераснува во нешто посериозно, проверете дали знаете одредени работи за Вашиот партнер.

Во првите неколку месеци, поради чувството на "пеперутки во стомакот" и нервозата што ја имате пред секој состанок, обично не размислувате за одредени работи. Но, морате да бидете претпазливи бидејќи може да се случи дури и по период од три месеци од врската да сфатите дека всушност не знаете ништо за Вашиот партнер. Ова се прашањата на кои треба да ги имате одговорите.

Во каков однос е со своето семејство? Тоа може да биде показател на неговата личност.

Што му е важно во животот? Доколку гледате различно на исти работи, Вашата врска нема големи шанси за успех.

Дали сте сексуално компатибилни? Бидете сигурни дека тој може да ги задоволи Вашите сексуални потреби и желби, но и обратно.

Дали сака да има деца? Никој не вели дека веќе треба да почнувате да смислувате имиња за Вашите деца, но ако плановите во тој поглед Ви се разидуваат, тешко дека еден од Вас ќе го промени мислењето.

Какви се неговите пријатели? Не велат без причина "со кој си – таков си".

Какви се неговите намери? Не сите сметаат дека целта на сериозна врска е брак и семејство, а исто така е важно што тој подразбира под фразата "сериозна врска".

Kаков е неговиот став околу финансиите? Фактот дека ова е еден од најчестите причини за развод, немојте да го занемарувате истото. Многу е важно дали тој претпочита заеднички или посебни банкарски сметки и дали Вие се сложувате со него.

Како се однесува во стресни ситуации? Дали има тенденција да паничи или секогаш останува смирен и Ви влева сигурност - ова е важни показатели за тоа како тој се справува со проблемите во животот.

Како ги решава проблемите? Дали по Вашата кавга тој сака да разговара или се лути како мало дете? Искрениот одговор, изнесување на сопственото мислење и спремноста за компромис се важни предуслови за трајност и успешност на врската.

Поврзани

Најнови вести

Коментари