Кога и зошто

Дали навистина треба да ги вадиме осмиците?

Тие се појавуваат на возраст помеѓу 12 до 25 години, а во текотн на овој период, некои лекари препорачуваат дека треба да ги отстраниме. Но дали тоа е навистина потребно?

Долго време на луѓето им биле потребни осмиците за да можат нормално да ја џвакаат храната. Тие се појавуваат на возраст помеѓу 12 до 25 години, а во текотн на овој период, некои лекари препорачуваат дека треба да ги отстраниме. Но дали тоа е навистина потребно?

Истражувањето и анализите донесоа различни мислења на ова прашање. Еве што треба да знаете, со цел да ја донесете вистинската одлука.

Кога нема потреба да ги вадите осмиците?

1. Доколку тие се здрави (ако непцата околу нив не се воспалени и ако забите се здрави)

2. Доколку се правилно наместени и не се мешаат со нормалното функционирање на соседните заби, односно не растат директно во нив и не ви прават неред на цела вилица.

3. Ако се лесни за чистење за време на секојдневната орална хигиена.

Кога треба да ги извадите осмиците?

1. Доколку забите се целосно скриени под непцата и не можат да избијат на површина. Во овој случај тие можат да придонесат за формирање на циста која може да ги уништи корењата на соседните заби.

2. Ако забите не избиле на површина целосно. Тогаш носат потешкотии за одржување на нивната хигиена, а како резултат на тоа големата акумулација на бактерии може да доведе до различни орални болести на усната шуплина.

3. Ако нема доволно простор на вилицата за забот (и ги притиска соседните заби), осмицата на овој начин може да ви ги искриви соседните заби правејќи си простор за себе.

4. Доколку чувствувате болка во пределот на осмицата. Меките ткива кои се наоѓаат веднаш до осмиците можат да се воспалат.

5. Можат да се формираат тумори, воспаление на непцата...

6. Да ги расипат соседните заби, па тие да започнат да се кршат.

Нема ништо лошо во тоа да ги оставите осмиците и да не ги вадите доколку редовно посетувате стоматолог и правите рендгенски зраци на вилицата. Вака, можете да дознаете за можен проблем (неправилен раст на осмиците) однапред, и да го избегнете со вадење на забите. Лекарите препорачуваат да го направите ова колку што е можно побрзо бидејќи откако ќе наполните 25 години сите ткива конечно ви се формирани и забите потешко би се отстраниле, а ткивата побавно ќе заздрават.

Поврзани

Најнови вести

Коментари