Да не се лажеме: Не се слабее со жими мајка, испоти се!

Лошо планираните и претерано тешки фитнес-планови може да доведат само до фрустрации и бес

1. Ќе ослабам 10 кила годинава

Дали сте забележале колку има гужва по теретаните во јануари, а веќе во март се полупразни?

Овие сезонски промени може да им се припишат на преамбициозните цели за симнување килажа. На пример, за трајно да се симнат 10 кила, потребни се месеци. Дури и да слабеете по 1 кило неделно. Проблемот лежи во тоа дека мотивацијата е на високо ниво веднаш по Нива година. Но, дури и по еден месец далеку сте од целта и полека мотивацијата паѓа. Најдобро е да се постават цели коишто опфаќаат помали килажи што треба се симнат. На пример, по ½ кило неделно во текот на еден месец.

2. Ќе трчам маратон на пролет

Трчањето маратон е големо достигнување – но, да се постави како фитнес-план, може да биде и чисто залажување

Зошто на пролет? Бидејќи тогаш е најголем дел од маратоните. Но, најискрено кажано, немате доволно време да се подготвите за маратон во толку краток период. За соодветен тренинг се потребни некаде меѓу 18 и 30 недели, така што од 0 до маратон за 4-5 месеци е голем напор. Може да дојде до повреди. А исто така, тоа не значи дека ќе продолжите да вежбате по маратонот. Трчањето на долги патеки е физичкиот еквивалент на изгладнување, нешто што бара големи жртви.

Поставете си реална цел – пријавете се за трка на 5 или 10 км.

3. Ќе ја држам ....... диета

Ова е најголемата грешка што луѓето ја прават кога прават планови за новата година. Сигурно сте чуле и порано, ама да повториме – ДИЕТИТЕ НЕ ФУНКЦИОНИРААТ! Барем не за оние кои не успеале да ја одржат своја тежина на идеално ниво во подолг временски период.

По дефиниција диетата треба да бидат привремени, нешто што го правите краток период за да симнете одредена килажа. Иако е можно да се ослаби преку диета (најчесто мускулна маса и вода, со што всушност станувате подебели), останува прашањето што ќе правите откако ќе завршите со диетата. Понекогаш да се држи диета ве остава само со две опции – животот пред диета или самата диета. Како возење кола само во прва и во петта брзина. Рецепт за катастрофа. Подобро е да се воспостават здрави навика во исхраната и така да се симне килажата. А не преку страдање и нејадење.

4. Нема да јадам....

Чест план кој не успева, зашто обично луѓето одлучуваат да не ја јадат својата омилена храна. Страдање кое завршува со неуспех и отфрлање на сите планови и враќање на старите патеки. Колку пати сме чуле дека некој нема да јаде чоколада, за после да го гледаме како се лигави додека некој јаде сникерс. Нашиот мозок подобро работи со позитивни стимули отколку со негативни. Наместо да кажете што нема да јадете, кажете дека ќе внесете повеќе зеленчук во вашата исхрана. Внесувајќи повеќе здрава храна, во стомакот едноставно нема да има доволно место за ѓубрето кое толку многу го сакате.

5. Ќе вежбам секој ден

Многу пати кажано, но сосема нереалистично и непотребно. Прво, не мора да се тренира седум дена во неделата за да се постигната одлични резултати. Трипати неделно се сосема доволно. Можеби е подобро да се каже дека сакате да ставите 5 кила мускулна маса или нешто слично.

Поврзани

Најнови вести

Коментари