Го има само во Америка

Црниот домат е нов кулинарски хит

Благодарение на ГМО инжинерството, научниците одгледаат црн домат кој содржи повеќе антиоксиданс антоцијан, а се користи превентивно при зголемена тежина или дијабетис.

Благодарение на ГМО инжинерството, научниците одгледаат црн домат кој содржи повеќе антиоксиданс антоцијан, а се користи превентивно при зголемена тежина или дијабетис.

Црниот домат стана вистински кулинарски хит, бидејќи наводно е поздрав од било која сорта домат до сега. На почетокот има зелена боја како и секој нормален домат.

Оваа сорта први ја произвеле американски научници од универзитетот во Орегон, благодарение на ГМО манипулацијата со која го зголемиле нивото на антоцијан, антиоксиданс кој на овошјето и зеленчукот им дава виолетова боја.

Овој антиоксиданс има дејство против воспаленија, го успорува стареењето, а делува и превентивно кај дијабетис и дебелина. Затоа многу и го нарекуваат супер домат.

Во САД веќе може да се најде на пазарот, а во ЕУ дури сега почнува да се одгледува. Иако постојат многу вкрстени и одлични сорти на домати, овој домат е единствен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари