Човек натепан во кафана, а дотепан на стол за лекрски преглед!

Додека бил во болницата влетап напаѓачот О.О заедно со својот пријател Д.К (29) да ја дотепаат жртвата

Во една кафана во Штип, во петокот се случило невиден инцидент.

Додека З.А (30) со својата сопруга седел за маса и разговарал, наеднаш од позади грб му дошол О.О (32) и без предупредување почнал да го удара.

Полицијата соопштила дека инцидентот се случил половина час по полноќ. Разјарениот О.О, почнал З.А. со тупаници да го удара по глава а потоа по телото.

Кога З.А успеал да се извлече од ситуацијата, притрчале од обезбедувањето на кафаната и ги исфрлие од угостителскиот објект.

Повредениот З.А. веднаш отишол во клиничката болница лекарите да му ги санираат повредит.

Меѓутоа додека бил на приемно оделение, во болницата влетап напаѓачот О.О заедно со својот пријател Д.К (29) па и двајцата продолжиле да ја тепаат жртвата.

Од силното тепање З.А паднал од столот за лекарски преглед, тогаш О.О. и Д.К. го превртиле лкарскиот стол и продолжиле да го клоцаат З.А. по целото тло.

И тоа не им било доволно, па продолжле да го тепаат со други предмети кои се нашле во ординацијата.

Полицијата до Штоп презема мерки во расчистување на ова несекодневен случај на насилство.

Поврзани

Најнови вести

Коментари