Фати ме ако можеш:

Целиот свет мислел дека е хуманитарец и славен фотограф, а потоа била откриена вистината

Одличните фотографии од воените зони и уништените градови, на Едуардо Мартинс му донеле слава, пари и почит. Единствен проблем е тоа што овој наводно наградуван фотограф и хуманитарец - не постои.

Одличните фотографии од воените зони и уништените градови, на Едуардо Мартинс му донеле слава, пари и почит. Единствен проблем е тоа што овој наводно наградуван фотограф и хуманитарец - не постои.

Мажот кој преку социјалните мрежи се претставувал како 32-годишниот Едуардо Мартинс од Бразил, успеал да ги измами BBC, Al Jazeera, Wall Street Journal и Getty, на кои им продавал фотографии и кои со години верувале дека тој е фотограф кој работи за ОН, пишува Daily Mail.

Се претставувал како храбар фотограф кој решил да им помогне на несреќните, занимавајќи се хуманитарна работа во државите уништени од војна.

Наводно бил во Газа, Рака, Мосул и сведочел за борбата против исламистите од ИСИС.
Минатиот месец конечно бил откриен и од тогаш исчезнал.

Наводниот Мартинс крадел фотографии од други фотографи, меѓу кои и американецот Даниел Брит, малку ги менувал во фотошоп и ги објавувал како свои. Некои од нив до неодамна можеле да се купат на сајтот "Getty Images", по цена од 575 долари.

Наместо неговиот лик, на фотографиите можело да се види ликот на британскиот сурф блогер Макс Хепворт Поуви.

Тој со помош на фотошоп го вметнувал ликот на Макс на некои фотографии, за да изгледа дека навистина се наоѓа на бојното поле. Исто така ги користел фотографиите на Макс со сурфање, за да покаже дека има живот и надвор од бојното поле.

Привлекол 120.000 фанови на Инстаграм, кои се воодушевувале од неговите фотографии и ги споделувале. Макс Хепворт Поуви тоа го дознал кога еден негов пријател го забележал неговото лице на профилот на наводниот фотограф.

Кога пријателот ми ги покажа фотографиите, мислев дека некој се шегува. Но, всушност моите фотографии се украдени, лудо е тоа што некој непознат маж решил да ги користи. Јас работам далеку од воени зони, одам на сурфање и фотографиите се направени во тој контекст", рекол Макс.

Не само што измамил бројни фанови и медиуми и заработувал на крадени фотографии, тој зборувал дека победил ракот кога имал 25 години.

Поврзани

Најнови вести

Коментари