Таа две децении спојува милионери со спонзоруши:

Богатите мажи сакаат насмеани жени со убави очи!

Многу мажи се согласиле со листата на Луан и споменале дека едвај чекаат женска листа за најпосакуваните особини кај мажите.

Луан Вард е сопственичка на елитна агенција за спојување на парови наречена Perth's Millionaire Matchmaker која повеќе од две децении им „мести" жени на милионери. Богатите клиенти ја плаќаат и до 12.000 долари за да им ја пронајде совршената подобра половина, пишува Daily Mail.

Жените многу пати ја прашале што најмногу ги привлекува милионерите и откако испитала повеќе од 200 мажи направила листа на карактеристиките кои најмногу ги привлекуваат овие мажи.

Како физичка особина број еден наведена е насмевката.

Веќе долги години кажувам дека мажот нема да се вљуби во жена која се мурти", рекла Луан.

Како втора омилена работа кај жените, богаташите ги навеле нивните очи. Третото место го зазела позадината.

Мажите сметаат дека задникот е попривлечен од градите, па така девојки, почнете да работите на него", рекла таа. Потоа на листата следуваат нозете, долгата коса, убавите стапала и ноктите.

Што се однесува до карактерните особини на жените, милионерите ја навеле интелигенцијата како број еден. „Мажот мора да може да разговара со жената. Тоа му е многу важно", изјавила Луан. Втора на листата е женственоста.

На мажите им се допаѓа кога 'жената се однесува како жена' и ја бараат онаа која зрачи со женственост", додала Луан.

Следни на листата се разиграноста, смислата за хумор и самодовербата, а после нив следувала желбата за секс. Интересна е ставката под број шест која милионерите ја навеле меѓу најпосакуваните особини кај жените – ранливоста. „Жената не мора постојано да биде силна. Комбинацијата на самодоверба и ранливост им е многу привлечна на мажите", рекла таа.

Многу мажи се согласиле со листата на Луан и споменале дека едвај чекаат женска листа за најпосакуваните особини кај мажите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари