И тоа го има

Бизарна ноќна тура во Мексико: Туристите плаќаат за да бидат мачени

Во Мексико можете да платите за бизарен ноќен излет кој е всушност симулација на илегално преминување преку границата со САД.

Во Мексико можете да платите за бизарен ноќен излет кој е всушност симулација на илегално преминување преку границата со САД.


Ноќната прошетка", поточно "Caminata Nocturna" е ноќна тура која ги води туристите по непристапни терени додека бегаат од гранична полиција која пука по нив (за среќа, со лажни куршуми). Во текот на 12 километри, туристите се кријат во грмушки, преминуваат реки и потоци, а се среќаваат и со лажни криминални групи и припадници на нарко-картели.

Ваквата стресна тура се организира во рекреативниот парк Еко Алберто, кој е во сопственост на Индијанците Отоми, чија популација значително се намалила поради миграциите во САД.

Целта на оваа тура е подигнување на свеста за тоа дека илегалното преминување на границите не е вредно за ризикување на животот поради "подобра иднина во САД".

Поврзани

Најнови вести

Коментари