Ова не е квиз, патоказ до мирни денови е

Без одговор на овие прашања - бракот не е за вас!

Одлуката да се стапи во брак е една од најважните одлуки во животот, па според тоа вие и вашиот партнер мора да имате јасни и прецизни планови. А тие планови се добиваат со одговорите на овие 15 прашања, пред да каже "Да". Тоа е важно да се знае вистината за медицинската, семејна, правна и финансиска историјата на вашиот партнер, затоа што од тоа ќе зависи како ќе се справите заедно со идниот брачен во ситуации и проблеми кои ве очекуваат, и дали вашиот заеднички живот ќе успее и во пракса,  или ќе станете дел од статистиката за разводи.

Стапката на развод се зголемува од година во година. По љубовта и довербата, комуникација, соработката и посветеноста се многу важни фактори за успехот на еден брак, но тоа е исто така важно и меѓусебното добро запознавање со фактите за другиот. Пред да се одлучите на брак, запрашајте се вие и вашиот партнер за овие 10 прашања. Не ги одбегнувајте, бидејќи еден ден кога ќе дојдат проблемите ќе зажалите што не сте побарале одговор претходно.

1. Како ќе се справите со големите промени во иднина, што секако ќе се случуваат?
Се подразбира дека бракот носи практични обврски, и дека возрасни луѓе во брачна зедница треба да работат. Што е прифатливо за вас од можните избори на брачниот партнер и неговото работење: дали е тоа дење, во смени, дали ќе работи од дома, во своја или туѓа фирма и дали сте подготвени со него да заминете во странство ако работата која го очекува е од таков вид

2. Компатибилност во однос на духовни религиски вредности 
Да, денес младите се помалку негуваат духовни и верски вредности но, ги негуваат. Како поминуваат годините ќе се уверите дека, најчесто, тие стануваат се посилни. Од првиот брачен ден едниот можеби сака венчавање во црква како главен настан, а другиот не е баш воодушевен... различните пристапи кон овие теми особено ако се работи за партнери од различна вера, или едниот е атеист, можат да бидат прилично непријатни ако не се разговара за нив пред бракот.

3. Како ќе се справиме со сопствените здравствени проблеми и семејни проблеми?
Бракот е заедница на двајца во која влегуваат куп луѓе околу нив со влијание на таа заедница: браќа, сестри, родители, најблиски другари и другарки... сите имаат свое влијание, а кон тоа се додаваат и децата родени во бракот. Решете пред бракот и договорете се каков ќе биде вашиот однос кон родителите, и што ќе преземете кога ќе остарат и нема да можат да се грижат самите за себе. Мислите дека е рано? Кога ќе дојде проблемот, за договор ќе биде доцна.

4. Дали секој од нас има генетска болест која може да се пренесе на децата?
Непријатна тема која задира во најдлабоката интима на партнерот но, и на неговото семејство, и често се одбегнува разговор за тоа. Но, немате поим колку се овие факти важни и какви се последици можат да донесат ако со време отворено не се разговара за ова. Постојат наследни болести, од епилепсии до леукемии, хемофилии и други кои можат да бидат дел од тешкотиите за вашите деца, а со то и ваш проблем. Морате да бидете отворени, и ако ги има да се договорите сакате ли воопшто деца со тие ризици, или не.

5. Што очекува партнерот од себе и од вашиот брак?
Најчесто, велиме најчесто, во брак стапуваат млади луѓе од 20 до 35 години. Ако се се уште во дваесеттите нивнта претстава за себе и светот околу нив, заради неискуството, не е потполна и издржана. Бракот не прифаќа експерименти и нестабилни односи. Морате да имате чиста ситуација што партнерот очекува од себе: кариерата како императив, дали е способен организатор и како се справува со проблеми и кризи, и што очекува од вас во однос на своите потреби, во однос на децата и своето слободно време и лични интереси. Луѓето се менуваат, особено по стапувањето во брак, обидете се да имате претстава и решение за промените кои доаѓаат кај себе и другиот.

6. Што го фрустрира другиот, и можете ли да влијаете на тоа
Ова не е воопшто наивна тема и треба однапред да се има договор околу неколку работи кои другиот не ги поднесува. Да почнеме од пушењето и пиењето, излегувањето навечер без партнерот, приоритетите дали ќе се троши и колку на шминки и козметики, или на негови страсти и хоби навики како компјутери, видео игри, на годишни одмори и забави.

7. Што кога по некоја година ќе ја снема страста што ја имавте пред бракот?
Немајте заблуда, страста под притисок на практичните проблеми и обврски, под притисок на годините и менување на секојдневните приоритети станува помалку присутна од порано. Не изчезнува, но ја има се помалку. Што ако сексот секој втор ден е негова обврска за која тој нема интерес така често, или нејзина... сеедно, а партнерот инсистира на тоа како доказ на љубов и посветеност. Дали ќе дозволите другиот заради неподготвеноста секогаш кога ќе ви се поска да се чувствува неуспешен и да стане груб кон вас како одговор, а вие љубоморни и одмаздољубиви, или ќе побарате и прифатите и други видови на нежност и комуникаци кога на партнерот “не му е денот“. Сексот е основната биолошка врска помеѓу брачните партнери, но дали секогаш и во секој ден е и најважната работа?

8. Ќе дозвоилите ли совет, од близок или стручен ако прблемите се посилни од вас?
Како и секој организиран однос, бракот влегува и излегува од кризи, со помалку или повеќе последици врз брачните партнери. Кога ќе дојдат проблеми за кои немате решениа, дали ќе прифатите разговор со некој близок и човек од доверба, дали другиот партнер ќе се согласи со тоа или ќе го смета за навреда и уривање на вашата брачна приватност? Морате за ова да разговарате со време, да ги утврдите заедничките критериуми, несогласувањето околу оваа тема е еден од начестите начини да се тргне кон тешка брачна криза и развод.

9. Разговарајте за претходните врски и искуствата од нив
Секој од партнерите, пред да влезе во брак, претходно имал и некоја друга врска. Разговарајте како таа започнала, што ја одржувало додека траела и зошто завршила? Ова е можност низ искуство да дојдете до сознание за приоритетите на партнерот, начинот на неговото однесување и размислување, како донесува одлуки и како решава кризи. Како да ги одбегнете проблемите што сте ги имале претходно со други, и како да ги решите без да ја прекинете врската.

10. На крај, каков е вашиот и неговиот однос кон парите и инвестирањето?
Сметките во бракот мора да се плаќаат од свој џеб. Претходно можеби некој од родителите или блиските ќе помогнел за оваа цел но, во бракот трошоците се големи и постојани, а луѓето се возрасни и мора да заработуваат и да знаат што понатаму со парите. Разговарајте кој од вас какви планови и очекувања има и од себе, и од другиот. Дали ќе се инвестира и штеди, или ќе се троши тоа што се има додека не се најде подобра заработка? Дали ќе се смета на помош од родителите, на наследства или или ќе се тргне самостојно како што се може и колку што се има... дали ќе се ослоните на сопствен бизнис и инвестирање со насочување на парите во бизност на парнерот, или секој ќе ја брка својата работа. Кој и како ќе плаќа за секојдневните трошоци дома... прашања има многу, и тоа важни прашања, затоа и договорот околу нив е важен сам по себе.

Бракот трае до староста на брачните партнери. Секако дека не очекувате дека бракот е романтика и секс секој ден во свој стан и љубовен филм со среќен крај после кој легнувате и следниот ден го вклучувате тој филм од почеток. Дека љубовта е се што ви треба, а другото е небитно. Ако сте стасани до тука, ако организациајта, менаџирањето на заедничките односи, жртвувањето за другиот и врската, толеранцијата и посветеноста еден на друг не ви се приоритет - почекајте, бракот се уште не е за вас.

Поврзани

Најнови вести

Коментари