Оглас кој го шокираше Балканот

Барам жена без пензија, кога ќе умрам мојата ќе и ја оставам на неа!

Неговото име е Вјекослав Голуб и тој живее во Копривница. Неговиот оглас којшто неодамна тој го објавил во дневниот печат предизвикал огромен интерес најпрво во Хрватска, а веднаш потоа и во остатокот од регионот.

Неговото име е Вјекослав Голуб и тој живее во Копривница. Неговиот оглас којшто неодамна тој го објавил во дневниот печат предизвикал огромен интерес најпрво во Хрватска, а веднаш потоа и во остатокот од регионот.

Барам женска личност којашто нема своја пензија, да се омажи за мене, а после мојата смрт на неа ќе и' остане мојата пензија, пишува во неговиот оглас.

Вјеколав којшто неодамна наполнил 90 години го посетила екипата на "Подравски лист". Па еве и накусо што изјавил тој:

Па што да ви кажам... Сам сум, немам ниту кој да ме погреба, а веќе сум многу стар. Гробно место веќе имам, се' уредно плаќам и би сакал да се оженам, за сопругата потоа да ме погреба. А јас на неа ќе и' ја оставам својата пензија. Ќе се оженам за онаа којашто ќе нема пензија, па така таа сепак да има некаква корист од бракот со мене, раскажал Вјекослав.

Интересно е и тоа дека тој не бара од својата потенцијална идна сопруга да живее со него, важно му е само да има некој којшто во иднина ќе го погреба.

Вјекослав досега се женел три пати, па сега низ шега вели дека би сакал да се ожени со "Далматинка".

Се' уште не знам што би сторил ако се јават повеќе жени. Тогаш ќе мора некако да одлучам која ќе ја земам за жена, но за тоа понатаму. Идејата ја добив читајќи огласи кога видов дека на тој начин многу луѓе бараат партнери. Па зошто не би помогнал некому ако можам? Освен пензијата, имам и уште неколку нешта коишто би и ги оставил на потенцијалната идна сопруга.

Голуб работел во полицијата во Осијек, за после некое време да се "скраси" во Копривница.

-Деновите ми минуваат читајќи книги, слушам радио и така се забавувам. Тешко се движам бидејќи имам проблеми со 'рбетот, а и годините се тие коишто ме ограничуваат во многу нешта.

Поврзани

Најнови вести

Коментари