Рецепт

Банана и мед и збогувајте се со кашлицата и бронхитисот

Ве мачи хроничното кашлање и борнхитис? Со само две состојки ќе ставите крај на тоа. Благодарение на моќните состојки на медот и бананите, оваа домашна смеса ќе ви помогне да се ослободите од воспаленото грло, кашлање, па дури и стомачните проблеми.

Состојки:

- 400 милилитри врела вода
- 2 банани кои имаат црни точки на лушпата
- 2 лажички мед

Подготовка:

Излупете ги бананите и згмечете ги со вилушка или лажица. Подобро би било тоа да биде дрвена лажица, бидејќи од металот може бананата да потемни. Потоа бананите ставете ги во сад и додадете им ја врелата вода. Оставете ја смесата да одстои пола час. Кога смесата ќе се олади, додадете мед. Многу е важно медот да го ставите последен, бидејќи ако го измешате со врелата вода ќе ги изгуби своите витамини.

Како се применува:

Од овој напиток пијте 4 пати дневно по 100 милилитри. Оваа количина на состојки е доволна само за еден ден, а наутро направете нова. Првите резултати ќе ги забележете за пет денови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари