Добро размислете пред да се препуштите на уживањето

Ако секое утро го пиете кафето на овој начин никогаш нема да ослабете

Пијалокот од кој тешко се откажуваме има свои добри страни ако го пиеме на правилен начин.

Пијалокот од кој тешко се откажуваме има свои добри страни ако го пиеме на правилен начин.

Многумина од нас не се ни свесни колку калории можеме да внесеме во текот на денот само преку пијалоци. Ако вашиот избор е некој газиран пијалок или неодолив овошен коктел, добро размислете пред да му се препуштите на уживањето.

Многу е извесно дека ќе постигнете контра ефект и ќе додадете некој сантиметар повеќе на вашата половина.

Но, не очајувајте, постои пијалок кој може да ви помогне во слабеењето, ако го пиете на правилен начин. Многу е популарен и тешко се откажуваме од него, особено наутро. Нејзиното височество – кафето.

Доколку кафето го пиете со многу шлаг, млеко или шеќер, процесот на губење на тежината ќе забави. Според зборовите на Кетрин М. Зелман, со додавањето на слатка павлака, ароматизирани сирупи или шлаг во црното кафе, внесувате големи количини на шеќери и масти во организмот. Овие кафиња можат да содржуваат и до 570 калории, што е повеќе отколку што содржи еден оброк.

Наместо додавање на адитиви, обидете се да пиете чисто црно кафе, тоа содржи помалку од 2 калории. Овој скапоцен пијалок го намалува ризикот од срцеви заболувања и претставува добар антиоксиданс.

Но, ако навистина не можете да го пиете кафето без млеко, нека биде тоа со низок процент на масти, и секако – со што помалку шеќер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари