Декодирајте го неговото однесување

Ако не сака да се гали после сексот, не ве сака!

Секако, тешко е да знаете на што Вашиот партнер размислува во било кое време, но експертите се колнат дека начинот на кој тој се однесува по сексот може да открие многу.

Секако, тешко е да знаете на што Вашиот партнер размислува во било кое време, но експертите се колнат дека начинот на кој тој се однесува по сексот може да открие многу.

Ви претставуваме неколку вообичаени однесувања и објаснувања што тие зборуваат за Вашиот маж:

Не сака да се гали

Поголемиот дел од мажите влегуваат во оваа категорија, тврди Валш. Просечниот маж веднаш го зема мобилниот телефон во рака или далечинскиот управувач. Не сфаќајте го тоа сериозно. Мажите размислуваат поинаку од жените и повеќето од нив не размислуваат на искажување љубов по односот. Единствено треба да Ве загрижува фактот доколку порано го правел тоа, а сега веќе не. Тоа би можело да биде знак дека постојат одредени проблеми во Вашиот однос.

Сака да се гали

Мажот кој сака да се гали, сака и нешто повеќе од тоа, објаснува експертот за односи Венди Валш и авторка на книгата "The 30-Day Love Detox". Желбата за галење и искажување љубов по сексот укажува на тоа дека партнерот е спремен да формира нешто посериозно и дека не сте му девојка за една вечер.

Променливо расположение

Тој обично е многу комуникативен, но по сексот станува мирен и молчелив – што се случува? Можеби е несигурен околу својата "изведба" или има размислувачко расположение по сексот, вели Валш.

Веднаш заспива

Доколку веднаш по сексот, тој се врти на другата страна и заспива, тоа нема никаква врска со Вас, објаснува Џенифер Ленд, авторка на книгата "The Sex Drive Solution for Women". Сексот ослободува допамин, невротрансмитер кој испраќа хемикалии за "добро расположение" низ Вашето тело. По оргазмот, нивото на окситоцин во телото делува смирувачки за мажите и предизвикува потреба за сон. Затоа, не грижете се ако Вашиот партнер често заспива – едноставно така функционира машкото тело.

Заминува веднаш по сексот

Ако тоа се случи еднаш, тогаш е ОК. Но, доколку тоа се случува често, тоа е алармантен знак, вели Венди. Мажот кој веднаш бега по сексот веројатно смета дека Вашиот однос треба да се темели исклучиво на секс или има проблеми со интимноста. Разговарајте со него и кажете му дека тоа Ви пречи – доколку тој тоа не го прифати, ставете крај на Вашиот однос.

Има желба за храна

Знаеме дека сексот троши доста калории, но зошто му треба храна веднаш по завршувањето? Собира сила за "втора рунда", вели Ланда. Желбата за храна е потсвесна потреба за зголемување на нивото на допамин во телото, односно период на чекање додека не собере сила за новата рунда, вели таа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари