Името и е речиси заборавено

Aфриканската принцеза сакала да го промени светот - и успеала во тоа!

Зборувала течно четири јазици - арапски и уште три јазици на локални народи. Тоа и овозможило и самата да патува и да учествува во работата на училиштата ширум државата.
Оваа неверојатна жена историчарите денес во главно ја наведуваат како пример за независност кој жените можат да ја остварат дури и во исламското друштво.

Нана Асма во својот живот докажала дека перото е помоќно од мечот. Била принцеза, писателка и наставничка која извела стотина илјади жени од беда и незнаење. Нејзиното име, меѓутоа, посебно надвор од Африка, е во главно заборавено.

Нана Асма се родила како ќерка на моќниот владетел Осман дан Фодиа, основач на калифатот Сокото, држава која до 1903. година постоела на подрачјето на денешна Нигерија.
Била најмоќната држава во западна Африка во 19. век. Вклучувала околу 30 емирати, а во неа живееле околу 10 милиони луѓе.

Тоа што ја разликувало оваа земја од другите бил фактот што нејзиниот владетел - дан Фодиа, верувал дека ширењето на знаењето е должност на секој муслиман. Затоа повеќето жители, вклучувајќи ги и најниските слоеви, како и жените, имале пристап до училиштата.

Благодарение на својот татко, Нана Асма добила класично образование на арапски, латински и грчки јазик.

Зборувала течно четири јазици - арапски и уште три јазици на локални народи. Тоа и овозможило и самата да патува и да учествува во работата на училиштата ширум државата.
Оваа неверојатна жена историчарите денес во главно ја наведуваат како пример за независност кој жените можат да ја остварат дури и во исламското друштво.

Нана со време станала ценета советничка на својот брат Мухамед Белоа, кој го наследил тронот од својот татко, но историјата ја запаметила по нешто многу поважно - Нана создала мрежа наставнички - Јаји, кои патувале низ кралството и ги образувале жените.
Многу од нив знаењето продолжувале да го пренесуваат на други, па системот наскоро вклучувал и ширење на знаење меѓу сиромашните, како и меѓу муслиманите на териториите на другите африкански држави.
Дури и денес, речиси 2 века подоцна, модерните Јаји продолжуваат да ги образуваат жените, мажите и децата во име на Нана Асма.

Поврзани

Најнови вести

Коментари