18 лекции кои ќе ги понесам со себе во 2018

2017 полека завршува, а со неа научивме многу лекции. Ова се 18 од нив кои треба да ги понесеме со себе.


1 – Не ги чувајте пријателствата кои немаат никаква вредност за вас. Дури и да е болна разделбата со таа личност, ако таа не ви носи ништо добро во овој момент,тогаш не ви е ни потребна. Окружете се со други луѓе кои ве прават среќни.

2 – Понекогаш животот навистина знае да нè заебе. А, штом тоа се случи не смееме да си дозволиме оправдувања. Потребно е да ги прифатиме грешките и да ги научиме лекциите.

3 – Најдобрите пријатели не значи дека постојано мораме да бидеме со нив. Но, најдобриот пријател е првата личност на која можеме да и се јавиме, на која можеме да сметаме и да добиеме поддршка.

4 – Без оглед на тоа колку години имаме, секогаш ќе имаме потреба од другите луѓе. Тоа не нè прави слаби. Тоа нè прави посилни.

5 – Изедете уште едно парче торта. Уживајте во животот. Тој е навистина прекраток за да ги броиме калориите.

6 – Нема да им се допаѓате на сите. Тоа не значи дека не сте убави. Немојте да мислите дека тоа ја дефинира вашата вредност.

7 – Кога зборувате лошо за друга личност, тоа ве прави лоши како и личноста за која зборувате.

8 – Искористете ја секоја шанса која ви е дадена. Не очекувајте дека сите нешта ќе ви бидат дадени секој ден.

9 – Не постои ништо полошо од пријател кој зборува лошо позади твојот грб. Направете си услуга и заминете.

10 – Сите луѓе не се исти и не очекувајте дека сите ќе се однесуваат на ист начин кон вас. Бидете внимателни за тоа какви се луѓето кои ги запзонавате и делувајте согласно на тоа.

11 – Никогаш не се извинувајте бидејќи сте среќни.

12 – Знајте ја својата вредност. Не дозволувајте никој да ве убеди дека таа не постои.

13 – Знајте ги и своите слабости. Потрудете се постојано да ги усовршувате.

14 – Колку и да ве боли во моментот, љубовта повторно ќе се врати во вашиот живот.

15 – Добрите дела се поубави од преубавите ветувања. Внимавајте колку делата на една личност се во согласност со нејзините зборови.

16 – Бидете добри кон себеси. Без оглед на грешките и негативноста, бидете добри кон себе, грижете се за своето физичко и ментално здравје и квалитет на живеење.

17 – Не се срамете кога сте тажни. Поднесете го тоа и сфатете дека животот не е составен само од убави денови.

18 – Не се докажувајте со луѓе на кои ништо не им значи вашето мислење. Внимателно избирајте ги своите битки.

Поврзани

Најнови вести

Коментари