Заштитена е од УНЕСКО

Знаете ли што е Ебру уметност?

Саканиот дезен се добива на тој начин што на водата згусната со одредени супстанци, се накапува саканата боја, а потоа, според имагинација и со помош на посебен облик на шило, се прават најразлични форми

Турско-исламската Ебру уметност или сликање по водена површина, од неодамна е ставена на Листата на светското нематеријално културно наследство.

Оваа техника за украсување на хартија е уникатна. За Ебру уметност се користат само природни земјени бои, четка од коњско влакно со дршка од дрвото на роза и природни производи за згуснување на водата.

Саканиот дезен се добива на тој начин што на водата згусната со одредени супстанци, се накапува саканата боја, а потоа, според имагинација и со помош на посебен облик на шило, се прават најразлични форми.

Кога водата е "насликана", врз неа треба внимателно да се постави хартија и сликата е завршена! 

Барањето да се стави на оваа листа на УНЕСКО го поднел Окан Ибиш, директор на Одделот за истражување и обука при турското Министарство за култура и туризам.

Под заштита на УНЕСКО сега има 12 културни обележја на Турција која е на 10. место по бројот на заштитени нематеријални културни добра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари