Концерт и театарска претстава денеска на Охридско лето

„Жаба" во изведба на „Камерен театар 55" и концерт на Снежана Поповиќ -Вулета

На програмата на Охридско лето денеска со почеток 21:00 часот во предворјето на црквата "Св. Софија", ќе се прикаже театарска претстава „Жаба" од Дубравко Михановиќ во режија на Елмир Јукиќ во изведба на „Камерен театар 55", Босна и Херцеговина

-Култната претстава е приказна за сите нас, за луѓето на денешницата, време на неразбирање, осаменост, потрага по љубовта и смислата на животот. Претставата го дијагностицира времето во кое живееме. Таа ги донесува ликовите кои не се снаоѓаат во времето на транзицијата и времето на промените. Текстот ги прикажува проблемите и случувањата кои се исти или слични во Босна, Хрватска и Србија. Тоа е првенствено проблем на непостоењето комуникација и неможност да се слушне туѓото мислење, вели директорот на "Камерен театар 55", Емир Хаџихафизбеговиќ

Според актерот Мирсад Тука, овој текст има една убава теза, а тоа е дека секогаш во сè бараме виновник, пропуштаќи сами да направиме битни промени во своите животи. Александар Сексан, пак, вели дека претставата е се она на што е изложен обичниот човек.

-Поради нештата како што се прашањето на лошите животи и состојбата во која живееме, сите ние сме во постојана потрага на виновниците, па ги пронаоѓаме во властите, во системот, директорот на фирмата, шефот, работодавачот, тренерот, селекторот, наместо да се избориме самите за себе, потенцира Секан.

За актерот Моамер Касумовиќ оваа претстава колку и да се игра долго секогаш е едно ново искуство, ново доживување, се игра со иста жар со иста амбиција.

-Секогаш на крајот на претставата имате чувство дека е нејзино премиерно изведување, вели Касумовиќ.

Претходно на фестивалската програма, од 19:30 часот, во црквата "Света Софија" концерт ќе оддржи сопранот Дуња Симиќ од Босна и Херцеговија и хрватската пијанистка Снежана Поповиќ -Вулета.

Поврзани

Најнови вести

Коментари