Пред 69. доделување на Еми наградите

Westworld и Saturday Night Live со најмногу номинации

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 17 септември во Мајкрософт Театрот во Лос Анџелес. Церемонијата ќе ја води водечкиот американски комичар Стивен Колбер.

Култната сатирична емисија "Saturday Night Live" и научно-фантастилната серија "Westworld" ја предводат листата на фаворити пред доделувањето на 69. Еми награди, со по 22 номинации. Зад нив следуваат хорор-драмата "Stranger Things" и "Feud" за ривалитетот на актерките Џоан Крафорд и Бети Дејвис, кои добиле по 18 номинации. 17 има хумористичната политичка серија "Потпретседателка". Од телевизиските мрежи, ХБО води со вкупно 111 номинации, додека на второто место е Нетфликс со 91 номинација.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 17 септември во Мајкрософт Театрот во Лос Анџелес. Церемонијата ќе ја води водечкиот американски комичар Стивен Колбер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари