Меѓу уметниците од 17 земји

Видео арт на Поповски во Шпанија и Кина

Во Кина, видео арт и дигитални графики на Попоски ќе бидат дел од големата изложба во Уметничкиот музеј во Шиан, насловена "Патување на имагинацијата по патот на свилата".

Видео проекции од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски неделава ќе бидат прикажани на изложби во Шпанија и Кина. Во културниот центар Матадеро во Мадрид, Шпанија, Попоски ќе се претстави на уметничкиот фестивал Интермедиа.

Видеото на Попоски е дел од меѓународниот уметнички проект "ДВД проект", во кој учествуваат уметници од 17 земји.

Во Кина, видео арт и дигитални графики на Попоски ќе бидат дел од големата изложба во Уметничкиот музеј во Шиан, насловена "Патување на имагинацијата по патот на свилата".

На изложбата учествуваат триесетина уметници од Кина, Тајланд, Виетнам, Шри Ланка, Индија, Франција, Португалија, Полска, САД, итн. Изложбата ќе биде отворена до 15 октомври.

Уметничкиот Музеј во Шиан е еден од најголемите понови музеи во Кина посветен на меѓународната современа уметност и годишно привлекува над 800.000 посетители.

Поврзани

Најнови вести

Коментари